Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да го разберете говорот на телото на бебето: Значење на гугањето

Како да го разберете говорот на телото на бебето: Значење на гугањето

Бебе почнува да гуга од четвртиот месец од животот. Иако првично звучи потполно неразбирливо, бебето всушност ги имитира звуците што ги слуша.

Првите, разбирливи зборови на бебето ќе бидат изречени помеѓу десеттиот и четиринаесеттиот месец. Сепак, сосема е можно дека ќе ја пропуштите неговата "премиера", бидејќи детето сè уште не изговара правилно и со добар акцент.

Слушајте го  внимателно и поттикнете го да изговара зборови. Заедно со развојот на говор, детето ќе продолжи да го користи јазикот на телото, иако гестовите ќе бидат побрзи и помалку изразени. Фокусирањето на зборовите што ги користи може да го одвлече вниманието од она што го кажува неговото тело.

ВРЕМЕ НА ОПУШТАЊЕ

Поминувајки квалитетно време со бебето, без сметање од страна, го подобрува меѓусебното разбирање. Затоа, ограничете ја бучавата во околината (исклучете го телевизорот, радиото), така што и двајцата ќе имате можност да зборувате и да слушате.

И, запомнете дека бебињата, исто како и на вас им требаат моменти на осаменост. Константна стимулација и интеракција може да биде исцрпувачка за нив. Значи, кога сметате дека бебето е уморно, нека се одмори. И ако забележите дека ја врти главата, кога зборувате со него, или си играте со него, тоа е најверојатно знак дека му е потребна пауза. 

ЗНАЧЕЊЕ НА ЗНАКОВИТЕ

Моќта на разбирање секогаш се развива побрзо од говорот, така што бебето може да биде фрустрирано затоа што не може да го изрази она што го чувствува. Учењето на знаците на говор (гестови) во голема мера можат да ја олеснат комуникацијата, додека способноста за говор не го достигнува нивото потребно за изразување за она што детето го чувствува, мисли и сака.

Инаку, повеќето деца обично разбираат повеќе знакови отколку што се способни да произведат. Користете го ова за да го научите бебето на овој "невнимателен" јазик кој ќе му помогне да се изрази подобро, но исто така да го научат значењето на зборот и нивната соодветна примена.

Оставете коментар