Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да одберете влажни марамчиња кои се најдобри за нега на бебето?

Како да одберете влажни марамчиња кои се најдобри за нега на бебето?

Влажни марамчиња во секојдневната употреба

Влажните марамчиња во голема мера им ја олеснија на мајките негата на бебињата затоа што секогаш можат да бидат на дофат на рацете. Лесно се користат и по употребата веднаш се фрлаат. Одамна се составен дел од содржината на чантата на мајката каде и да оди со своето бебе.

По употребата на влажните марамчиња бебето останува чисто, особено по менувањето на пелените. Меѓутоа, како да ги одберете вистинските марамчиња за нега на нежната бебешка кожа?

Правилен избор на влажни марамчиња – на што да посветите внимание?

Со оглед на тоа дека влажните марамчиња најчесто се користат за бришење на бебешкото газе и пеленскиот дел, многу е важно марамчињата кои се користат да бидат доволно нежни за чувствителната бебешка кожа. Токму во тоа лежи и одговорот на прашањето – како да се одберат најдобрите влажни марамчиња за бебето?

Ако сакате да бидете сигурни дека влажните марамчиња кои ги користите за негата на своето бебе нема да предизвикаат несакани реакции на кожата, важно е да обрнете внимание на составот на тие марамчиња:

-pH вредноста на влажните марамчиња за бебето треба да биде помеѓу 4.8 и 5.5,

-не смеат да содржат бои, парфеми и парабени,

-задолжително без адитиви,

-клинички и дерматолошки тестирани,

-не смеат да содржат алкохол, сапун или сурфактанти кои пенат.

 

Оставете коментар
Close