Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да постапувате со новото бебе

Како да постапувате со новото бебе

Редовно мијте ги рацете пред да го допирате бебето.Човечката кожа содржи бактерии што можат да се пренесат на бебето и да доведат до несоодветно функционирање. Ако при рака немате сапун и вода, дезинфицирајте ги рацете со бебешките влажни марамчиња.

Како да го кренете бебето

1. Со едната рака потфатате ги вратот и главата на бебето. Првите неколку недели, бебешкиот врат не е сосема функционален. Додека да зајакне, внимателно ракувајте со бебето за вратот да не се превитка.

2. Со другата рака потфатете ги задникот и 'рбетот.

3. Кренете го бебето близу до телото.

Внимавјте : Кога го спуштате бебето, постојано потпирајте ја главата со рацете и бидете сигурни дека површината на која го оставете ќе биде потпора за вратот и главата.

Држење "во нишалка"

Со тоа што ќе го поставите бебето со главата во левата страна, тоа ќе може да го чуе ритмичкото биење на вашето срце. Овој звучен сигнал може да му помагне на вашето бебе да влезе во режим за спиење. Ова е нормално или пожелно, ако прашате други родители.

1. Со десната рака потфатете ги вратот и главата на бебето. Со левата рака фатете ги задникот и 'рбетот.

2. Доведете ги вратот и главата на бебето во свијокот на левата рака. Вака, десната рака ви е слободна за нешто друго, левата го држи бебето.

3. За посигурен фат, ставете ја десната рака под левата.

Држење на рамо

Идеална позиција за новопечените родители. Меѓутоа со текот на растењето, можно е бебето се помалку да ја сака.

1. Подигнете го бебето така што главата ќе му се потпира на предниот дел од вашето рамо. Главата не треба да биде надвисната над рамото.

2. Бебешкиот задник  треба да ви лежи на свијокот од раката, а нозете да висат надолу.

3. За посигурен фат, со слободната рака придржете го грбот на бебето. Ако макар и малку се наведнувате, потпрете ги вратот и главата.

 

 

Оставете коментар