Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да реагирате на детското плачење во сонот?

Како да реагирате на детското плачење во сонот?

Еве неколку искуства од мајките за тоа како треба да се реагира на детското плачење во сон, а психологот Николина Есерт објаснува дека нормалниот дел на развојот на детето го вклучува и будењето ноќе. Но, важно е детето кое се буди во текот на ноќта и плаче, да го утешите и тоа на начин на кој е навикнато од родителите.

Тешкотиите со спиењето, успивањето и другите ноќни авантури на децата се дел од родителството, но и кога имаат проблеми со успивање, некои бебиња се будат со плачење или повеќе пати во ноќта плачат во сон.

Затоа прочитајте ги искуствата на другите мајки на оваа тема:

“Моето дете има пет месеци и секоја ноќ по неколку пати плаче во сон и тоа траe се додека не станам, а потоа му давам чај или цуцла. Дали некој од вас се сретнал со ваков проблем?, напиша една мајка”.

Ноќните будења се нормален дел од развојот на детето и најважно е бебето да не се буди ако плаче во сон, пробајте да го смирите без будење, советува една мајка. Најдобар начин е тивко да му зборувате, како на пример: не се плаши мама е тукаили некои слични смирувачки зборови.Ние имавме фаза од пет до десет месеци плачење во сон, не секоја вечер, можеби секоја втора, но се случуваше и при дневното спиење. Секогаш кога ќе заплачеше го  земав во раце и го смирував, му ставав цуцла и тоа продолжуваше да спие без проблеми. Некаде сум прочитала дека во сон ги преживуваат сите случки кои им се случуваат преку ден и затоа се јавува плачењето. Сето тоа е нормално и не треба да се грижите, затоа што ќе помине. Сега моето дете има 13-сет месеци и има фаза, сака да игра во текот на ноќта, скока по креветот и нешто си зборува. Сите тие се фази кои мора сите да ги поминеме заедно со децата. Децата не мора да сонуваат нешто лошо, тие само го преживуваат она што го научиле во текот на денот но тоа некогаш доведува до плачење.

Психологот Николина Есерт вели: нормалниот дел на детскиот развој го вклучува и ноќното будење. Има две причини за тоа. Првата е развојна што значи дека децата повеќе време поминуваат  во фаза на лесен сон кој им овозможува лесен развој на мозокот, додека другата причина е како да опстанат. Опстанувањето подразбира полесно будење поради ситуацијата која им се случува како чувство на глад, мокра пелена, болка, кажува психологот и додава  дека причината за плачење во сонот може да биде и процесирањето на искуствата во текот на денот и сл.

Важно е да реагирате на плачењето, но не е потребно да го будите детето, само бидете нежни со него.

 

Оставете коментар
Close