Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да се биде мајка која е задоволна со себе

Како да се биде мајка која е задоволна со себе

Секоја жена, кога за прв пат се наоѓа во улогата на мајка, се соочува со големи промени во нејзиниот живот, кои се, колку таа беше претходно да се подготвувала, многу турбулентни и стресни за целото семејство. Бременост, породување, доење, непроспиени ноќи, или подоцна, кога детето ќе порасне - поголеми грижи кои доаѓаат со нив, се составен дел на мајчинството. Затоа, не е ни чудо што на лицата на многумина гледаме испишани грижи, замор, и често чувството на незадоволство. Се разбира, секоја мајка свесно треба да работи на тоа да не се чувствува така, бидејќи ако е среќна, тогаш нејзиното дете и целото семејство се среќни. Токму поради тоа ќе се занимаваме поблиску со оваа тема.

Дознајте како е да се биде мајка која е среќна.

Имајте време за себе

Ова е прво и основно правило за секоја мама која сака да има насмевка на лицето. Треба да имате само ваше време, без деца, без партнер, и да се фокусирате само на сопствените потреби.

 

Дали ќе одберете да го поминете со медитација во соба, или да испиете кафе во благодетот на тишината, или одите на кафе со пријателите, масажа - важно е само да не ги прескокнете своите 5 минути. Тоа е ваша оаза и слобода каде што не мора да бидете мајка и сопруга на никој.

Не го игнорирајте односот со вашиот партнер

Не е ретка ситуација кога една жена, откако ќе се најде во улога на мајка, го фокусира своето внимание целосно само на детето. Психолозите тоа го објаснуваат до одреден степен со хормонални промени и затоа што мајката е природна, биолошка, повеќе поврзана со бебето.

Сепак, ова не е нешто што прави добро за вас, за вашето дете, или за вашиот брак. Важно е дека откако ќе се реализирате како мајка, да ја задржите вашата емоционална поврзаност со вашиот партнер и не заборавајте дека во се сте заедно. Ако тој се чувствува исклучен од вашата заедница и го држите на растојание, тоа може да доведе до ваше отуѓување, и ако не се зборува за тоа и до престанок на љубовта.

Силна емотивна врска со партнер кој се базира на блискост и интимност, е она што како жена те прави среќна, а потоа и како мајка - затоа што љубовта кон сопругот и детето се две различни љубови, а не е потребно за едната да ја жртвувате другата.

Прифатете дека не сте семоќни

Не прогласувајте за суперхерој, никој од вас не очекува да бидете. Да, вие сте мајка која е подготвена да неспие ноќе за своето дете, но исто така не значи дека така можете во недоглед. Наместо постојано да сте вознемирени и незадоволни, бидејќи денот е премногу краток за сите ваши обврски, едноставно прифатете ја помошта - без разлика дали од вашиот партнер или некој друг кој ќе можете да го ангажирате.

Чувството дека не мора се сами да постигнете, дефинитивно ќе ви донесе олеснување.

Уживајте во секојдневните моменти

Ние знаеме дека работата на мајката е тешка, но во никој момент не заборавајте дека е најубава. Наместо да ги фокусирате своите мисли за тоа колку напори секојдневно вложувате за да постигнете сè, запомнете и колку задоволство ви носи насмевката на вашето дете, и нека биде мерка за вашата среќа, а сè друго е само рутина.

И вас ви е дозволен момент на слабост

И на крај , ако плачеш, да - и тоа е дозволено! Тоа е многу поздраво за вашето ментално здравје, ако сте тажни и ако ви се собрало се , едноставно само да го истерате тоа од себе, понекогаш зборувајќи со некого што ќе те разбере, а понекогаш, и со солзи.

 

Чувството на олеснување по ова е бесценето и несомнено ќе бидете позадоволни!

Оставете коментар