Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да се борите со опаѓањето на косата после бременоста

Како да се борите со опаѓањето на косата после бременоста

Меѓу бројните физички промени кои се случуваат во текот на деветте месеци од бременоста спаѓа и влошувањето на квалитетот на косата.

Во текот на бременоста ќе сјаете – вашата коса ќе биде прекрасна затоа што и годи зголеменото ниво на естроген.

Меѓутоа, кога ќе се породите, доаѓа до пад на естрогенот и зголемување на нивото на стрес хормонот – кортизол, што на вашата коса никако не и помага.

Првите промени на влакната можете да ги очекувате на девет недели после породувањето, а сметајте дека вашата коса ќе опадне за 30% повеќе од вообичаеното.

Како да ја ублажите таа непријатност?

Користете послаби шампони, оние кои се за секој ден, а косата перете ја што почесто – два до три пати неделно. Фризерите велат дека масажата на кожата на главата при перењето го намалува стресот и ви помага да се опуштите, и вие и вашата коса.

Може да ви помогне и третман со тромбоцити плазма (PRP), кој инаку се користи за пациенти кои имаат алопеција. Стручните лица предлагаат два третмани во тек на три месеци.

Проверете и дали можеби имате помалку железо во крвта, што е чест проблем кај трудниците и родилките, а што може да влијае и на квалитетот на косата. Освен со суплименти, железото можете да го надоместите и со исхрана: конзумирајте повеќе месо, риба, цвекло...

И потстрижувањето може да помогне – од ножиците косата нема да ви расте побрзо, но добар фризер ќе знае како да ве потстрижи за косата да ви делува погусто.

Во секој случај – не очајувајте. Состојбата во која се наоѓате не е трајна, заедно со вашето бебе ќе порасне и вашата коса, онаа новата, посилна и поздрава.

Оставете коментар
Close