Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да се спречи ривалството помеѓу браќата и сестрите?

Како да се спречи ривалството помеѓу браќата и сестрите?

Дали е можно да се спречи ривалитетот и константните препирања помеѓу браќата и сестрите? Константниот звук на плач, караниците и лелекањата се доволни на секоја мајка да и го упропасти денот полн со обврски.

Ривалитетот помеѓу браќата и сестрите, колку и да е непријатен, дел е од секојдневието на секое семејство. Секое дете, природно, сака да биде центар на светот за своите родители и стремежот да се постигне таа цел по било која цена може да доведе до непријатни ситуации. За среќа, ако превземете одредени чекори на време можете да му застанете на пат на ова ривалство пред тоа да стане крајно непријатно.

Не заборавајте дека секое дете е индивидуа за себе

Секое дете има своја личност, таленти, темперамент и интересирања. Сите деца се фасцинантни и тоа секое на свој начин.

Имајќи го ова на ум ќе успеете да ја минимизирате компетицијата помеѓу децата и да одржите добри односи во семејството.

Дозволете му на секое дете да поседува по некоја ствар

Тоа може да биде омиленото ќебе, или некоја играчка која е специјално негова. На сите им е потребно нешто што не мораат да го делат. Поседувањето на одредени работи му помага на детето да се почувствува како единствена и посебна личност.

Поставете правила во домот

Воспоставувањето на основни правила во домот кои сите ги почитуваат, може да ви биде од голема помош. Тие може да подразбираат дека во куќата не е дозволено удирање, врескање, туркање и други ограничувања кои обезбедуваат сигурност за децата. Одредете последици прикладни на секоја возраст за кршењето на овие правила.

Дозволете им на децата самите да ги решат недоразбирањата помеѓу себе

Во случај децата да не се степале, не се мешајте. Дозволете им на децата самите да ги решат недоразбирањата помеѓу себе, како на пример кој прв ќе заврши некоја од задачите, помогнете им да развијат однос и да соработуваат. Тоа исто така ќе ви помогне да не застанете на ничија страна, особено ако не ги знаете сите детали на недоразбирањето.

Поминете време насамо со секое дете

Било да го капете детето, водите во парк или му читате, свесно потрудете се секој ден да поминете некое време со секое дете одделно. Посветувањето на вашата комплетна грижа во текот на денот ќе ја намали можноста децата да се борат за неа.

Воспоставете систем на наградување

Имајте точно разработен план кој седи покрај мајката во ресторан или кој седи во количката во супермаркетот. Водете евиденција кој што и кога правел и фрлајте паричка за да не мора вие да одлучувате. На тој начин ќе ги избегнете ситните препирки, зависта и негодувањето. Вашите деца нема да се согласуваат секогаш, но секако можете да го поттикнете развојот на здрав однос и да го намалите ривалството, ако на тоа свесно посветите внимание.

Оставете коментар