Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да си играте со бебето

Како да си играте со бебето

Избегнувајте ги дигиталните помагала и игри и не го вознемирувајте бебето ако видите дека самото се загледало и се заинтересирало за нешто. Мозокот на новороденчето напредува повеќе за 24 часа, отколку мозокот на возрасните за цела година.

За играта со бебето да биде забавна и корисна, мајките и татковците би требало да посветат внимание на начинот на кој тоа го прават, советува Кајл Прует, професор по детска психијатрија на Универзитетот Јејл.

-Бебешкиот мозок напредува повеќе за еден ден, отколку мозокот на возрасните за цела година. Досадата е дел од репертоарот на здраво бебе – вели Кајл.

Тој советува да ги избегнувате дигиталните помагала и да не го вознемирувате бебето ако видите дека самото се загледало и заинтересирало за нешто, како не би го претвориле во пасивна личност.

Професорот предлага да си играте на следниот начин:

-Криенките се одлични за анимирање на бебето, но започнете ги така што најпрво ќе воспоставите контакт со очите. Пратете како расте возбудата кај детето кога ќе се сокриете, додека очекува познатото, насмеано лице повторно да се појави. Во текот на оваа игра не испуштајте гласни звуци за да не го исплашите бебето.

-Наместо да пуштите музика, пробајте самите да произведете звуци, потпевнувајте песнички гледајќи го бебето во очи. Тоа нека бидат лесни и едноставни мелодии, кои се повторуваат. Не морате да имате добар слух и не дозволувајте тоа да ве спречи да остварите “аудио контакт” со вашето бебе.

-Секоја игра која подразбира физички контакт, треба да започне се нежен допир или со земање на бебето во раце. После тоа можете малку да го галите и да го штипкате за образите.

Оставете коментар