Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да знаете дали на бебето му е топло

Како да знаете дали на  бебето му е топло

Можеби не може со зборови, но со говорот на телото и однесувањето сигурно тоа ќе ви го сигнализира.

Тоа што сеуште не може да зборува не значи дека нема да ви покаже дека му е жешко и дека морате да го раскомотите или да го тргнете во некоја пријатна просторија.

Постојат неколку показатели дека на вашето бебе му е жешко и дека апелира за помош:

1.Забрзано дише? Брзото дишење е јасен симптом на прегревање.

2.Главата и вратот му се мокри? Повеќе од извесно е дека се поти од прекумерна топлина.

3.Сте забележале осип на телото или дека лицето му е црвено? Раскомотете го бебето што побргу.

4.Кога ќе ја ставите раката на градите на бебето, чувствувате топлина? Тоа е сигурен знак дека му е претопло.

5.Не може да заспие, се врти, плаче, негодува? Многу е веројатно дека за тоа е виновна топлината.

Оставете коментар