Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како Французите ги подигнуваат своите деца: инстинктивно родителство

Како Французите ги подигнуваат своите деца: инстинктивно родителство

За малите Французи се мисли дека се деца кои се воспитуваат со добри манири. Но, американската писателка и блогерка Вицки Лесаге признава дека и покрај репутацијата, не е лесно да се подигнат малите Французи. Живеела 11 години во Париз со својот сопруг Француз и нивните две деца и напишала серија книги "Париски исповеди". Денес живее во Св. Луиз во Мисури, каде што сеуште се поздравува со зборот "au revoir", а децата ги подигнува во американско-француски стил.Во неколку реда Ви пишуваме што вели таа за францускиот начин на воспитување.

 

Децата во Франција имаат репутација на добро образовани и многу пристојни деца, каде е тајната?

Мислам дека ова е делумно точно, а делумно и репутација. Вистина е дека во Франција, на пример, никогаш нема да видите деца кои се гласни или трчаат во ресторанот. Исто така, француските деца се многу љубезни и речиси никогаш не забораваат да кажат добар ден, збогум, благодарам и молам- исто како и нивните родители, што е стереотип на Французите и се понекогаш нејасни.

 

Дали Французите се навистина строги родители?

Јас бев израсната во Америка и моите родители беа релативно строги, но родителите во Франција беа уште построги. Мислам дека Американците неодамна го прифатија порелаксираниот начин на воспитување каков што го гледаме денес. Но, се чини дека французите (сеуште) тоа не го промениле.

 

Кои се најчестите правила и граници на однесување што децата мора да ги почитуваат?

Повеќето деца имаат воспоставено рутинско спиење, можеби затоа што родителите сакаат да се посветат на себеси навечер. Исто така, ретко ќе видите дека децата грицкаат нешто помеѓу оброците. Мислам дека ова е една од причините зошто тие се однесуваат учтиво за време на оброците - тие се навистина гладни, па седнуваат и јадат што и да им се послужи.

Малиите Французи, исто така, го следи глас дека тие се многу трпеливи и мирни деца. Дали знаете како овие родители го постигнуваат тоа?

Ако најдете некој што знае, дали ќе го споделите со нас? Забележав дека повеќето француски деца имаат трпеливост, но не можев да дознаам што прават нивните родители поинаку од мене. Ги прашав што е тајната, но не можеа да ја објаснат јасно. Мислам дека има нешто поврзано со сето она што го реков, но со фактот дека Французите, свесно или несвесно, не секогаш ги ставаат децата во центарот на нивниот живот.

 

Некои автори истакнуваат дека мајките во Франција ретко ги преиспитуваат своите постапки и не се мачат поради чувство на вина. Зошто е тоа така?

Борбата на родителите во Америка кои мислат дека треба да следат одреден стил на воспитување и да се запознаат со бројни истражувања и да прочитаат еден куп книги пред да ги добијат своите деца, мајките во Франција не го прават тоа и не ја оптеретуваат главата толку многу. Се чини дека нивните деца се воспитани како што тие биле воспитани од нивните родители или, од друга страна, се препуштаат на тоа што се смета за вродено, инстинктивно родителство. Поради ова, тие немаат потреба да ги преиспитаат нивните методи на воспитување, бидејќи не размислуваат премногу и не мислат, и изгледа дека успеваат во такво воспитување.

Оставете коментар