Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како се развива мозокот кај бебињата

Како се развива мозокот кај бебињата

Кај новороденчињата ќелиите на мозокот се размножуваат толку брзо па се случува оние кои чуваат одредени содржини во меморијата да бидат потиснати со нови.

Кога бебето ќе наполни три месеци, мозокот веќе тогаш достигнува половина регуларна тежина карактеристична за возрасен човек – тврдат стручните лица, објаснувајќи дека тој се развива поинтензивно отколку што се мисли. Кај новороденчињата ќелиите на мозокот се размножуваат толку брзо па се случува оние кои чуваат одредени содржини во меморијата да бидат потиснати со нови.

Истовремено, стручните лица наведуваат дека е малку познато дека когнитивните способности се развиваат уште во стомакот на мајката. Бебето уште тогаш почнува да го истражува светот околу себе и го препознава мајчиниот глас.

А кога ќе се роди, светот околу себе го гледа во три бои – бела, црна и сива. Не воочува ништо што е на поголема далечина од 30 сантиметри, а видот му овозможува да прима информации од двете очи кои сеуште се наоѓаат во фаза на развој.

Оставете коментар