Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Каков татко таква ќерка или каква мајка таков син: Зошто личиме на своите родители

Каков татко таква ќерка или каква мајка таков син: Зошто личиме на своите родители

Генетиката е компликувана работа. Единствена работа која ја знаеме е дека секогаш сме повеќе приврзани кон едниот родител, што повторно зависи од комбинацијата на гените која ја добиваме преку родителите.

Каков татко таква ќерка или каква мајка таков син. Дали тоа е навистина така и што се случува во генетските кодови, кога двајцата родители се со кафеави очи, а добиваат дете, кое да речеме има сини? Се работи за игра на генетиката која прави интересни комбинации на хромозомите, дури иако тие двајца воопшто ги немаат тие карактеристики.

За тоа што и како наследуваме од таткото и мајката Ве информираме во продолжение. Истражувањето на Стендфордскиот Универзитет покажа како доаѓа до наследување на бојата на очите, но и на другите црти и карактеристики.

Освен во неколку посебни случаи, не е посебно предодредено што кој родител Ви дава, односно што од кој родител наследувате.

Ако се работи за доминантни гени, тие ќе бидат доминантни без разлика дали доаѓаат од таткото или од мајката. Ако Вашиот татко има доминантен ген за бојата на очите, ќе ја наследите истата боја од него. Меѓутоа, ако се работи за рецисивен ген, децата можат да имаат боја на очи која нивните родители ја немаат и да дадат потполно нов ген. Тоа објаснува зошто некогаш се случува на пример личности кои немаат црвена боја на коса или кафеава боја на очи, да добијат дете со кафеави очи и црвена боја на коса.

Како што гледате генетиката е компликувана работа. Ќе се обидеме едноставно да Ви прикажеме како таа функционира, а потоа да дадеме примери каде е видливо што добиваме од кој родител.

Да земеме за пример дете чија мајка има кафеави очи и татко со сини очи. Со оглед на тоа дека кафеавите очи се доминантни, мајката може да има гени за кафеави очи или еден ген за една, а друг за друга боја на очи. Како би го олесниле сфаќањето, да речеме дека ќе ги има двата гена за кафеава боја. Со оглед на тоа дека таткото има сини очи, тој има две копии рецесивни гени за сини очи.

Секој родител ќе пренесе една копија од генот на своето дете. Во овој случај, мајакта ќе пренесе доминантен ген, а таткото рецесивен. Тоа значи дека детето ќе ја има бојата на очите на својата мајка. Баш поради тоа што таа имала доминантни гени. Ист е случајот и ако таткото има доминантен пар гени, затоа што тогаш детето повторно го добива оној генетски пар кој е доминантен, што автоматски значи дека ќе ја наследи бојата на очите од родителот кој ги има.

Истражувањето на Стендфордскиот Универзитет исто така потврди како момчињата од мајката наследуваат само X хромозом кој е богат со гените кои имаат влијание на физичкиот изглед. Татковиот X хромозом е осиромашен со такви гени, па така момчињата можат да личат на мајките, а девојчињата не мораат на таткото, затоа што добиваат по еденX хромозом од двајцата родители.

Големите уши, спрема ова истражување обично доаѓаат во наследство од таткото, додека косата и нејзиниот квалитет од мајката. Ако сте машко, погледнете го Вашиот вујко и ќе Ви биде јасно како Вашата коса ќе изгледа во поодминати години (ако ја има).

Значи постојат различни споеви на хромозоми кои на крај ќе влијаат Вашето дете да биде токму онакво какво што треба да биде. Единствено, посебно и на свој начин поинакво. Особините се пак заслуга на двајцата родители, па немојте да го кривите мажот ако видите дека е многу тврдоглаво. Анализирајте ги и своите особини.

Оставете коментар