Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Каша од авокадо и банана 6+

Каша од авокадо и банана 6+

Во отсуство на избор кога станува збор за овошје, а со цел да се збогати исхраната на своите деца, мајките се повеќе се одлучуваат за егзотично овошје како извор на витамини во текот на зимата. Еве неколку начини да се подготви едноставна, здрава и вкусна 6-месечна бебешка каша.

 

Состојки:

банана

авокадо

ПОДГОТОВКА:

1. Исечете го авокадо на половина, отстранете ја коската и истријте го "месото" со лажицата.Коската најлесно ќе се одвои со засек со нож во средината, а потоа ножот да го се сврти во спротивна насока од стрелките на часовникот, односно од себе (полека и претпазливо).

2. Бананата излупете ја и исецкајте ја , и додадете ја во авокадото и све заедно изблендирајте или изгмечете го со вилушка.

Подготовката е завршена. :)

ЗАБЕЛЕШКА:

Во летниот период можете да ја збогатите кашата, на пр. со праски или кајсии. На бебиња постари од 9 месеци, банана и авокадо можете да го збогатите со со јогурт или житарици ...

Кога купувате авокадо, бидете свесни дека кората е темно зелена и дека е делумно мека под прстите. Ако е многу мека, плодот е презреан и не го купувајте. Можете да купите тврдо авокадо и оставете го на собна температура за 2-4 дена за да созрее.

Оставете коментар