Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Каша од телешко месо, тиквички и ориз 7+

Каша од телешко месо, тиквички и ориз 7+

Телешкото месо е исклучително богато со протеини, минерали и витамин Б, па пожелно е да се конзумира најмалку два пати неделно. Кашата од телешко месо, тиквички и ориз е со благ вкус кој сигурно ќе им се допадне на бебињата,  хранлива е и прилагодена за децата кои само што воведуваат месо во исхраната.

Еве како се подготвува...

сосотојки:

ориз (половина чаша)

парче тиквичка

парче телешко месо (40 g)

 

ПОДГОТОВКА:

1.Исечете го телешкото месо и гответе го во малку вода, гответе околу 40 минути, потоа додајте ја излупената и исецкана тиквица и ориз (претходно измијте го, 3, 4 пати) и гответе се уште 15-20 минути. Пожелно е да се натопи оризот преку ноќ или барем неколку часа пред подготовката. Вода додадете колку што е потребно, ако испари.

2.Осигурајте се дека сè е доволно меко и ако е, изблендирајте се во блендерот. Потребно е само неколку секунди до совршено мазна текстура на оброкот, особено ако бебето првично се храни и ако не се навикнало на месото. Веруваме дека ова бебето ќе го сака и дека мајките ќе бидат среќни со празни чинии...

Уживајте!

Оставете коментар