Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Кашичка од јаболко со цимет и оризови снегулки

Кашичка од јаболко со цимет и оризови снегулки

На своето бебе органски цимет можете да му понудите веќе од осмиот месец, па ви претставуваме еден рецепт за оваа превкусна кашичка...

Циметот е познат по тоа што е богат со калциум и железо, а одлично се комбинира со јаболка кои се богати со витамин Ц и антиоксиданси.

Состојки:

1 јаболко,

200 милилитри вода,

1/2 лажица цимет,

1 лажица оризови снегулки

Припрема:

Јаболкото излупете го, исчистете го и варете го додека не омекне, ставете го во блендер и додајте цимет. За да ја разредите кашичката додајте малку вода во која јаболкото се варело. Ако кашичката е поретка ставете уште една лажица оризови снегулки.

Оставете коментар
Close