ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Киноа, храна на космонаутите
    Киноа

    Киноа, храна на космонаутите

    Киноата е фантастично растение кое наликува на житна култура, и всушност спаѓа во семејството на спанаќ. По потекло од Јужна Америка од областа на Андите, била користена од страна на античките Инки, а поради нејзините хранливи својства на НАСА експерти им е вклучена во исхраната на астронаутите.

     

    Оваа билка ги содржи скоро сите супстанции кои треба да се внесат во телото во текот на денот.

     

    Прво, ги содржи сите девет есенцијални амино киселини, тоа се оние што ние можеме да ги увезуваме само со храна и се неопходни за изградба на протеини. Протеините играат улога во обновувањето на клетките и ткивата, а ние обично ги увезуваме со месо, јајца, риби и млечни производи. Киноата е растение кое е богато со протеини и како такво е одлично, бидејќи оброк со него може да го замени месото. Исто богата е со витамини Б1, Б2, Б6, и мала количина на витамин Б3 и витамин Е, кои се неопходни за нервниот систем, косата и кожата … минерали како магнезиум, калиум, цинк и железо се во нејзиниот составен дел а тие учествуваат во многу метаболички процеси.

     

    Киноата е без глутен, затоа е погодно за луѓето кои се интолерантни на глутен.

     

    Таа е богата со влакна, што е одлично за варење и за дигестивниот систем. Исто така, содржи флавоноиди, растителни анти-оксиданти кои се докажани дека имаат анти-воспалителни, антивирусни и анти-канцер ефект. Таа содржи јаглени хидрати од кои создаваме енергија, но исто така има низок гликемичен индекс, па затоа може да се користат и дијабетичари. Лесно е да се подготви – се вари како ориз!

     

    Пробајте, има еден куп рецепти, оди со овошје, зеленчук, како додаток на супа и салати …

     

    Велат дека здравјето влегува преку устата

    А ова е дефинитивно точно за киноата!