Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Клима и бебе во истата соба? Научете како правилно да ја користите ...

Клима и бебе во истата соба? Научете како правилно да ја користите ...

Пред да го вклучите климатизерот добро проветрете ја просторијата и потоа затворете ги прозорците, но вратата да остане отворена.

* Како да се контролира температурата

Бидете внимателни кога станува збор за температурата. Ако бебето е активно или будно, ќе му биде пријатно ако во собата е 26-27 ° C. Исто така, родителите треба да обрнат внимание пред се на разликата помеѓу температурата во затворени простории и на отворено, што не треба да биде повисока од 10 ° C, инаку телото може да се доживее шок. Ако вашето бебе спие температура треба да биде малку повисока 27-28 ° C, и да биде покриено со некоја тенка прекривка, бидејќи  телото за време на спиењето, секако, се лади.

И на бебињата во горештините им годи климата но внимателно треба да ја користите ...

* Кога го исклучувате климатизерот

Еден час пред да планирате да излегувате, исклучете го климатизерот. Температурата постепено ќе се зголемува и детето постепено ќе се навикне на повисока температура. Исто така, ако планирате да го бањате вашето бебе исклучете ја климата еден час или два пред капење и не ја вклучувајте одредено време после капење.

Три корисни совети за користење на климатизери

Температурата во просторијата не смее да биде премногу ниска и температурата не треба да се спушта и крева нагло и брзо.

Отворете или подотворете прозорец кога се користи климата, со цел да се меша собниот воздух со надворешниот поради често  лошиот квалитет на воздухот во климатизирани простории, кои негативно може да влијаат на здравјето на бебето (инфекција на горните дишни патишта, кашлица и други респираторни проблеми). Затоа е важно редовно да го одржувате и чистете уредот.

Обрнете внимание на влажноста, бидејќи бебињата кои често престојуваат во климатизирани простории може да се соочат со сува кожата и уста. Ако сте во можност набавете навлажнувач на воздухот и јонизатор кој ги отстранува алергените кој исто така е корисен. Ние исто така препорачуваме редовно чистење на климатизерите.

Оставете коментар