Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Кога бебето ќе пристигне во домот

Кога бебето ќе пристигне во домот

Поврзаноста која родителите ја чувствуваат во првите моменти на запознавање со бебето, се развива и зајакнува секој ден и така прераснува во еден неповторлив и единствен однос помеѓу родителите и бебето.

Породувањето, доењето и физичкиот контакт со бебето ќе поттикне лачење на окситоцин – хормон на љубовта кој буди биолошки инстинкти и природно го поттикнува родителството.

Прифатете дека животот на кој сте навикнале пред раѓањето на бебето е во краткотраен застој. Не брзајте да се вратите на старите навики кои сте ги имале пред бременоста. Повторно ќе дојдат денови кога ќе имате време само за себе. Адаптацијата на бебето на околината може да биде стресен период во животот за вас и вашето бебе. Бебето мора да знае дека секогаш сте му на располагање. Разбирањето и нежното одговарање на емотивните потреби на бебето е темел на една сигурна приврзаност.

Набљудувајте и учете

Градењето на сигурна поврзаност со бебето е повеќе од обично задоволување на неговите физичките потреби. Тоа опфаќа секојдневно време поминато во пријатна блискост со бебето. Дозволете му на бебето само да ви покаже што му годи. Вашето бебе бара заштита и сигурност, кои го опкружувале девет месеци, како и отчукувањата на вашето срце, гласови, топлина. Звуците кои бебето ги испушта, како и движењата со рацете и нозете се негов начин да реагира на она што му зборувате и да комуницира со вас. Применете едноставна техника зборувајте, слушајте, реагирајте...

Веќе неколку часа после раѓањето бебето ги препознава гласовите кои ги слушало додека било во стомакот и тие го смируваат. Ако му се приближите со лицето, нежно му зборувате, пеете, тоа ќе гледа во вас и тоа ќе му годи, ќе се чувствува сигурно. Носењето на бебето во рацете, во меки носилки, марами, поттикнува поврзаност помеѓу вас и вашето бебе, развивање на блискост, ги намалува епизодите на плач и ги намалува грчевите во неговото стомаче.

Најдобро е да ја практикувате методата “кожа на кожа” – бебето е без облека потпрено на градите од мајката или таткото, бебешката глава е свртена така што со увото е потпрена над срцето на родителот. Вашиот мирис е посебно важна потврда за вашата близина и спремност да одговорите на неговите потреби.

Плачот е единствениот начин на кој бебето покажува дека некоја потреба не му е задоволена. Најчести причини за плачот се гладтта, уморот, чувството на непријатност или болка, лутењето или осаменоста.

Некои од останатите причини за плач се:

-полните пелени,

-вознемиреноста поради прегласна музика или пресилно светло,

-чувствувањето на нервозата на мајката,

-потребата за физичка близина или смирување во креветчето,

-потребата за допир, контакт кожа на кожа,

-грчеви – незрелост на дигестивниот систем.

И не заборавајте, бебињата се прекрасни мали суштества, кои напредуваат кога им се пружа здрава нега и многу љубов.

Оставете коментар
Close