Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Кога е време да се премине во голем кревет

Кога е време да се премине во голем кревет

Дали е време на детето да му купите голем кревет?

Како да се знае кога е право време детето да премине во нов кревет?

Не постои точно утврдено време кога би требало детето да премине да спие наместо во мало креветче во голем кревет. Меѓутоа, таа промена обично се случува помеѓу осумнаесетиот месец и три и пол години.

Доколку е тоа можно подобро да почекате детето да биде поблиску до третата година, бидејќи тогаш е поспремно, но доколку детето го прерасне креветчето, или е премногу активен за него, тоа би требало да се случи порано.

Кои се причините за промена на креветот?

Постојат многу причини зошто детето мора да премине во поголем кревет. Најчесто детето го прераснува креветчето, или ќе научи да се прекачува преку него. Во тој случај треба што побрзо да се реагира за да се спречи детето да не се повреди сериозно.

Втора причина е кога очекувате друго бебе. Во тој случај минимум два месеци пред породувањето полека навикнувајте го детето на нов кревет, за да не чуствува љубомора дека бебето го заземало неговото место.

Добра причина е кога детето го учите да седи на нокширче. Спиењето во голем кревет ќе значи дека полесно може да стане во текот на ноќта за да го користи нокширот.

Како да му го олесниме на детето преминувањето во нов кревет?

Некои деца со нетрпение чекаат да преминат во нов кревет, додека на други им е потребен поттик и убедување. Во главно тоа зависи од темпераментот на детето и начинот на кој ги прифаќа промените.

Еве неколку совети како да му помогнете на детето полесно да ја помине оваа новост:

  1. Кога ќе одите да купите кревет и постелина, земете го и детето бидејки сепак тоа ќе спие во него.
  2. Ако детето преминува во друга соба, декорирајте ја така да му се допаѓа на него и да му е пријатно и удобно во неа.
  3. За почеток, во новиот кревет нека спие само попладне, додека се навикне.
  4. Не го менувајте начинот на успивање, тој нека биде ист како додека детето спиело во креветчето.
  5. Оставете ја вратата подотворена или пуштете некоја тивка музика, за во новиот кревет детето да се чуствува мирно и опуштено. Меѓутоа купете и ноќна ламба, ако приметите или детето ви каже дека се плаши.
  6. Бидете доследни во својот став дека детето треба да спие во кевет, бидејќи може да се случи детето да ја испитува својата слобода, па може да се случи да сака да спие пак во креветчето или со вас. Ако не постои оправдана причина треба да му кажете дека веќе не е мало и дека треба да спие во својот голем кревет само.
  7. Пофалете се кај бабата или тетката за големата новост која треба да се случи и набљудувајте го детето како ќе раскажува за тоа. Доколку раскажува нерасположено и без волја за тоа, размислете за тоа да причекате уште малку, но немојте да се изненадите ако после кратко време и само бара да премине во голем кревет.

Дали е детето безбедно додека спие во голем кревет?

За да бидете потполно сигурни дека вашето дете е безбедно, добро би било во почеток пред креветот да ставите јорганче, душек, или да купите кревет кој има заштитник, ограда од страна.

Може да се случи детето да стане во текот на ноќта, па и во тој случај треба да преземете мерки за безбедност, заклучете ја влезната врата, потрудете се да ги расчистите сите работи во собата и ходникот на кои детето може да се повреди и некое време оставете го светлото во ходникот запалено.

Дали да се награди детето дека спие во нов кревет?

Не треба да се прави спектакл од тоа дека детето спие во голем кревет само, но дајте му до знаење дека сте горди на него. Можете да му купите некоја ситница, на пример постер кој ќе го гледа кога ќе се разбуди или играчка која ќе го чува додека спие.

 

Оставете коментар