Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Кога е време за првите чевли?

Кога е време за првите чевли?

Не купувајте вистински чевли ако вашето дете сеуште не почнало да оди. Вистинското време за купување на чевли за одење е кога детето самостојно ќе ги направи првите чекори. Квалитетните чевли се поддеднакво важни за правилното одење. Немојте да следите мода туку исклучиво слушајте ги советите од лекарите. Пред се, првите чевли треба да им помогнат на скочните зглобови кои сеуште не се доволно цврсти.

Поради чевлите кои тоа не го обезбедуваат доаѓа до деформирање на стапалата и неправилен од што подоцна тешко се корегира. Како вашето дете се посигурно оди се создава шема на одот и во мозокот која се активира секогаш кога ќе посакаме да дојдеме до нешто. Начинот на кој одиме како и останатите автоматски работи остануваат за целиот живот. Одот е толку единствен за секој од нас, што дури по него можеме да препознаеме личност која е во далечина и која оди во наш правец. Дали одот на вашето дете ќе биде несмасен, нескладен или со урамнотежени и координирани движења, во добар дел зависи од тоа дали истиот е развиен присилно со многу мака и нервирање како ваше така и на вашето детето.

Оставете коментар