Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Кога е време за тиква?

Кога е време за тиква?

Искористете ја есенската сезона и научете го бебето да ужива во јадењата од тиква...

Една од предностите на бебињата кои се родени во пролет е таа што веќе после шестиот месец можат да уживаат во јадењата од тиква.

Тиквата е здрава и вкусна храна за секое бебе, не предизвикува алергии и генерално се смета за билка која не апсорбира многу пестициди и хербициди доколку е хемиски третирана.

Богата е со витамините А, Ц и К, како и со фолна киселина, а од минералите содржи највеќе калиум и фосфор.

Постојат различни начини за спремање на тиква, но имајте во предвид дека долгото варење ги извлекува и ги уништува хранливите состојки, затоа е најдобро тиквата да ја испечете во рерна пред припремата на кашичка или житарки. Се пече на висока температура, додека не стане сосема мека.

Печената тиква може да се претвори во кашичка, или да се помеша со житарки. Исто така, може и да се замрзне.

Ако изберете тиква за бебе храна, гледајте да изберете помала тиква, онаа која изгледа како сеуште да не е зрела. Таа во голем број од случаите е послатка од крупните примероци.

Оставете коментар