ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Кога не чеша стомакот…
    Кога не чеша стомакот...

    Кога не чеша стомакот…

    Откријте го најдобриот начин за да се ослободите од тешкотиите во бременоста.

    Овесни снегулки

    Овесната каша е традиционално решение за смирување на иритации и чешање на кожата, а овесните снегулки се прав мелем за кожата во бременоста, може да се користат во водата за капење. Нивната подготовка е многу едноставна: ставете една рака овесни снегулки на средина на парче од газа и заврзете ја во чвор. Кадата наполнете ја со вода, па во неа ставете ја вреќичката од газа. Во водата додадете и една лажица маслиново масло. Бидете внимателни да не се лизнете при влегување и излегување од кадата, поради ефектот кој го прави маслиновото масло на кожата.

    Пијте повеќе вода

    Поради зголемувањето на стомакот кожата се истегнува, што прави непријатно чувство, слично на тоа кога на кожата ќе ставите волнен џемпер. Затоа не е чудно што во некои моменти ќе почуствувате чешање.

    Оваа појава е вообичаена и се јавува околу 28-мата недела во бременоста. Тогаш стомакот почнува да се зголемува и нивото на естрогенот се зголемува, што ја зголемува и сувоста на кожата и ја прави чувствителна. Спречете ја оваа појава, или намалете ја, така што ќе го хидрирате организмот. Пијте најмалку 1,6 литри вода дневно. Ако не сакате вода, конзумирајте чаеви без кофеин и јадете парчиња од свежо овошје и зеленчук кои содржат многу вода.

    Носете природни материјали

    Широка облека од природни материјали, како памук, вискоза или свила, најдобар избор е за дневна, но и за вечерна облека. Синтетичките материјали но и облеката која е припиена за телото, само ќе го зголеми чувството на непријатност  и чешање.

    Разладете се

    Туширање со млака (ладна) вода ќе ви овозможи моментално освежување. Избегнувајте да користите агресивни и парфимирани прашоци за перење, како и омекнувач. Користете сапун и пена за капење со благ pH фактор и втријте многу хидратантна крема/лосион во кожата три минути после туширањето, што ќе ви осигура задржување на влагата.

    Испробајте го кокосовото масло

    Кокосовото масло/маст е едно од најбогатите природни сретства за хидратација, затоа имајте го секогаш при рака. Кога ќе почуствувате затегнување на кожата, или чешање, слободно нанесете го на истата.