Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Кои се најдобрите положби за спиење во бременоста?

Кои се најдобрите положби за спиење во бременоста?

Кои положби за спиење трудницата треба да ги избегнува и зошто?

 

Во текот на бременоста, поради зголемување на стомакот, честите болки во грбот, несоницата, неудобната положба на телото во тек на спиењето и други причини, трудниците често имаат проблем квалитетно да се наспијат и да го одморат своето тело.

 

Кои се најдобрите положби за спиење во бременоста?

Спиење на страна. Најдобра положба за спиење во текот на бременоста е “SOS” (спиење на страна) на Вашата лева страна.

Спиењето на Вашата лева страна ќе ја зголеми количината на крв и хранливите материи кои постелката ги доставува до бебето. Држете ги нозете и колената свиткани и ставете перница помеѓу нозете за да ја растеретите карлицата и за да ја смалите болката во грбот. Можете да ставите и една перница под стомакот ако така Ви е попријатно.

Пред крајот на бременоста, перницата за горниот дел од телото (глава и врат) може да биде малку подебела (со поголема висина) како би можеле полесно да дишете.

 

Кои положби на телото за спиење треба да ги избегнувате во текот на бременоста?

Пред се – спиењето на грб. Оваа положба не се препорачува затоа што може да предизвика проблеми со дишењето, системот за варење, хемороиди, низок крвен притисок и да предизвика намалување на циркулацијата до срцето и бебето.

Кога спиете на грб, Вашата матка врши притисок на вените кои ја враќаат крвта во срцето. Лежењето на грб подолго време, може да ја ограничи количината на крвта и хранливите материи кои доаѓаат до бебето и постелката. Исто така оваа положба може да предизвика и мачнина.

 

Спиењето на стомак

Кога сте бремени Вашиот стомак е подложен на физички промени и Ви отежнува да лежите на него, а при тоа го притискате стомакот и внатрешните органи. Во подоцнежниот период од бременоста оваа положба станува и физички недостапна.

 

Лежење на десната страна.

Во текот на ноќта можеби ќе менувате положби но пробајте да не се задржувате долго лежејќи на десната страна, затоа што во оваа положба се врши притисок на јетрата.

Нормално, во текот на спиењето телото менува положби. Немојте премногу да се грижите доколку во тек на сонот се разбудите на десната страна или на грб, туку завртете се на левата страна и створете навика во текот на бременоста да спиете така.

 

Што може да помогне за трудницата подобро да се релаксира и да заспие?

Она што Ви се допаѓа. Тоа може да биде: топол смирувачки чај, пријатна атмосфера, затемнета соба, тивка музика, масажа, туширање непосредно пред спиење, прегратка од партнерот, читање на некоја омилена книга или списание, медитација...

Важно е и: проветрен и затемнет простор на собата за спиење и температура на собата од 18 до 22 степени Целзиусови. За Вашиот квалитетен сон секако е важно и душекот да биде удобен.

 

 

Оставете коментар