Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Кои се предностите од вежбањето во текот на бременоста

Кои се предностите од вежбањето во текот на бременоста

Да се биде во добра кондиција е еден од предусловите за некомпликувана бременост и полесно породување. Освен тоа, причините за вежбање во бременоста се и подобра работа на кардиоваскуларниот систем, намалено прекумерно зголемување на тежината, подобро носење и расположение, полесно и поедноставно породување, побрзо опоравување и подобра општа состојба.

Вежбањето не само што не е штетно, туку може да спречи и евентуални компликации, како што се покачен притисок, што може да доведе до прееклампсија. Вежбањето во текот на бременоста може да ги спречи некои од повредите и болките поврзани со зголемувањето на телесната тежина и промената на начинот на одење.

И повторно оној ист совет – слушајте го своето тело – бременоста не е состојба во животот кога треба да станете олимписки шампион и оддеднаш да ги промените сите свои навики. Важно е добро да се чувствувате, а притоа да не се напрегате премногу.

Оставете коментар