Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Кој е Дедо Мраз навистина и што ни носи? Подароци или дилеми?

Кој е Дедо Мраз навистина и што ни носи? Подароци или дилеми?

На предстојните празници највеќе ќе се израдуваат малечките. Посебните церемонии и ритуали кои ќе бидат пропратени со подароци ќе го развеселат секое дете. Сепак малечките најголема надеж полагаат во Дедо Мраз. Во текот на целата година тие се радуваат и силно го очекуваат овој симпатичен дедо кој им го носи она што највеќе го посакувале во текот на годината.

И додека децата со нетрпение го очекуваат денот кога ќе ги посети Дедо Мраз, родителите се прашуваат – кој е овој дедо и како тој воопшто настанал?

Верувањето во Дедо Мраз го носи со себе суштинскиот проблем: за детето да добие подарок од него, тоа мора да биде “добро” во текот на целата година.

А што воопшто значи тоа да биде “добро”? Дали тоа значи да “изеде се од чинијата”, да ги “четка забите пред спиење“, да оди на спиење на време, да не го задева помалото братче или сестриче, или... додадете сами.

Бројни се условите за подароците од овој симпатичен дедо. Кој, за чудото да биде поголемо, се гледа и се знае. Знае кој заслужил подарок, а кој не. И, на крајот од целата дилема дали децата заслужиле подароци или не, останува најважна: како се однесува “лошо“ дете? Се прашува ли некој зошто детето така се однесува? Критиките на сметка на однесувањето на децата, губат смисол кога ќе се има во предвид дека тоа е често резултат на неприкладните барања од родителите, незадоволените потреби, недоволното внимание кон децата на прав начин, недоволната поврзаност на децата со родителите, па и незадоволените физиолошки потреби.

Од каде ни е тогаш за право да ги “наградуваме“ добрите деца со подароци од Дедо Мраз? Постојат ли “лоши“ деца? На крај, за чудо, секое, ама баш секое дете добива подароци. И тоа често бројни и неумерени. Каква збрка тогаш настанува во радозналите детски главички? И што всушност им порачуваме и на што ги учиме? Можете да претпоставите.

Затоа, предлагаме да застанеме и уште еднаш да размислиме: како да го претставиме Дедо Мраз на нашите деца, а целата приказна да е во духот на хумана, позитивна филозофија која не ги подценува, не ги понижува и не ги лаже децата.

Можеме да им кажеме на нашите деца во овие празнични денови, кога ќе имаме повеќе време за разговор и муабетење, дека Дедо Мраз доаѓа кај секое дете за да го израдува и развесели. Да биде среќно и весело, да се радува на малите, а многу важни работи. Да научи да биде искрено и да не се срами од своите грешки, затоа што тие се случуваат за да го научат на нешто, а не за некој да го обвини и посрамоти. Дека исчекувањето на добриот дедо има барем толку магија како и самото негово доаѓање. Да ги поврзе и зацврсти уште повеќе врските помеѓу децата и родителите и да им го врати на родителите оној малку изгубен семеен едноставен живот.

 

Оставете коментар