Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

КОЈА ПОЛОЖБА Е НАЈДОБРА ЗА ПОДРИГНУВАЊЕ

КОЈА ПОЛОЖБА Е НАЈДОБРА ЗА ПОДРИГНУВАЊЕ

Подригнувањето е важен дел по хранење на бебето

 Зошто бебето треба да подригне после доењето?

Која положба е најдобра за подригнување?

Зошто бебето треба да подригне после доењето?

Подригнувањето е важен дел по хранењето на бебето. Додека цица бебето голта воздух, што и предизвикува надување на стомачето. Бебето мора после секое цицање  да подригне за да го исфрли воздухот. После и во текот на секое хранење потребно е бебето да го исфрли непотребниот воздух.

Бебињата кои се хранат на шишенце треба да подригнат после секои испиени 50 грама млеко односно на пет минути, а бебињата кои цицаат треба да подригнат после цицање од секоја дојка.

Која положба е најдобра за подригнување?

Постојат три начини како бебето може да подригне, а на вас е да одлучите кој е најдобар за вашето бебе.

На рамо

Подригнувањето на рамо дава најдобри резултати кај повеќето бебиња. Бебето треба да стои навалено на вашето рамо. Со едната рака ќе го потпирате под газето а со другата ќе го тапкате по грбчето.

На рамото ставете памучна пелена за да ја заштитите облеката од бљуцкање.

Исправено во седечка положба

За ваков зафат придржувајте го вратот на бебето со едната рака а него ставете го да ви седи во скут. Со раката ќе го придржувате градниот кош на бебето држејќи го под мишките, а главата треба да му е навалена нанапред. Потчукнете го или протријте го по грбчето водејќи сметка главчето да не му падне наназад.

Со лицето надолу

Свртете го бебето со лицето надолу и ставете го да ви лежи во скутот.

Оставете коментар