Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Која вода треба да се користи за подготвување на храната за бебето

Која вода треба да се користи за подготвување на храната за бебето

Која вода да ја користите за подготвување на адаптираното млеко за бебето?

Родителите се често во недоумица која вода да ја користат за припремање на адаптираното млеко. Не се сигурни дали е безбедно да ја користат водата од славина, но ни која вода од шише е адекватна за припремање на вештачко млеко.

Млечната формула ги содржи сите потребни хранливи состојки, така што дополнителните минерали од водата не се потребни, затоа водата за припрема на адаптираното млеко смее да содржи највеќе 100mg минерали на литар. Водата од шише не е потребно да се проверува, посебно ако е нискоминерална.

Водата од чешма содржи хлор и други материјали за пречистување кои можат да го изменат вкусот на млечната формула. Ако користите вода од водовод, пуштете ја ладната вода да истече две минути, истурете во садот и проверете (доволно е да врие минута –две, највеќе три минути), за да може вишокот на минерали да се слегне.

Која вода да ја користите за подготвување на првите кашички?

Како и во случајот со подготовка на адаптираното млекои за припремање на првите кашички за најмалите можете да користите проварена вода од чешма или ниско минерална вода. Ако користите вода од шише , многу е важно како ја чувате, се препорачува да се чува на суво и темно место. Кога ќе го отворите шишето со вода, се препорачува да се искористи во рок од 2-3дена.

За која вода ќе се одлучите зависи пред се од нивото на загаденоста на водата која ја користите секој ден (во некои места водата не се препорачува за употреба, ни за возрасните а најмалку за децата), финансиските можности, свеста за загаденоста на околината и желбата на своето дете да му дадете се најдобро...

Оставете коментар