Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Колку и кои течности е потребно да се пијат за време на бременоста?

Колку и кои течности е потребно да се пијат за време на бременоста?

Во бременоста е многу важно да внесувате доволна количина на течности. Минимум на дневната потреба од течности е осум чаши, а во лето дури и повеќе. Избегнувајте зашеќерени овошни сокови, кола и други вештачки газирани пијалоци – многу жени ќе се здебелат во текот на бременоста затоа што не можат да се откажат од лошите навики и пијат токму вакви пијалоци.

Недоволниот внес на вода  кај трудниците може да доведе до вртоглавица, слабост во мускулите и зголемено чувство на вознемиреност, а освен тоа фетусот не добива доволна количина на храна, слабо се исфрлаат штетните материи, се јавува зголемена температура и намалена количина на плодова течност. Дехидратацијата опасно го загрозува растот и развојот на бебето, а кај некои жени може да предизвика и прерани трудови и породување.

Оставете коментар