Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Колку пелени троши едно бебе

Колку пелени троши едно бебе

Во првите месеци од животот на бебето, може да ви изгледа дека ништо друго не правите освен тоа што го храните и пресоблекувате. Но, колку пелени бебто навистина троши за една година?

Експертите велат дека во текот на првиот месец од животот на новороденчето е потребно помеѓу 10 и 12 пелени дневно. Бебињата во просек какаат 3-4 пати на ден, а мократ околу седум пати на ден. Се чини многу, но честото пресоблекување е добро за здравјето на бебето.

По еден месец, оваа бројка ќе се намали. Генерално, се смета дека минимум е најмалку шест пелени дневно, а помалку од тоа е знак дека веројатно  новороденчето добива доволно хранливи материи преку храна, што е причина за аларм и посета на педијатар.

Со текот на времето, бројот се уште ќе се промени, особено кога бебињата ќе почнат со цврста храна. Тогаш и столицата може да варира. Некаде на вториот роденден околу 22 проценти од децата ќе се одвикнат од пелени и речиси сите ќе се одвикнат пред третиот роденден.

Пресметката е едноставна: 8-10 пелени дневно × 365 дена во годината = 3650-4.380 пелени во првата година. Да речеме дека детето ќе се одвикне од пелени до вториот роденден и ќе дојдеме до  бројка од 7300 до 8760 пелени.

Се разбира, ова е бројка во случај да имате само едно дете, кое исто така е доста напредно, па во рок се одвикнало од пелени. Се разбира, не се вклучени сите оние пелени кои ќе ги промените една минута откако ќе се ставите нови, бидејќи бебето само што одлучило да ја намокри чистата пелена.

 Само трпеливо, и еден ден се ќе биде зад Вас.

Оставете коментар