Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Колку повеќе ги прегрнувате своите деца тие стануваат се попаметни

Колку повеќе ги прегрнувате своите деца тие стануваат се попаметни

Ако сакате да ги прегрнувате децата - правете го тоа секогаш, не престанувајте. Еден ден ќе ви бидат благодарни за тоа. Спрема најновите истражувања, прегратката, тој облик на физичка приврзаност, многу е важен за развојот на децата.

Со научни истражувања утврдено е дека:

Прегратката и нежноста кон децата предизвикуваат силна реакција во мозокот која им помага на децата побрзо да се развијат.

Да се сака своето дете и да бидеш нежен спрема него не е само убаво и хумано, туку и многу корисно.

Стручните лица објаснуваат дека овој едноставен чин има огромно влијание на детскиот мозок.

Кога се прегрнуваме, хормонот окситоцин, кој предизвикува позитивни емоции, се ослободува во огромни количини и допринесува да се зајакне врската помеѓу мајката и детето.

Недостатокот од прегратки може негативно да влијае на детето, да ја намали неговата самодоверба и да ја направи тешка неговата комуникација со другите луѓе.

Треба да се знае дека секој пат кога ќе  прегрнете некого, вие не покажувате само зближување со него, туку го зголемувате и нивото на окситоцин и го подобрувате целосното психичко здравје.

Оставете коментар