Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Колку течности му се потребни на детето

Колку течности му се потребни на детето

Внесување на течности кај децата

Правилното внесување на течности кај децата е многу важно. Особено внимание на внесувањето на доволна количина на течности во организмот треба да се посвети во летните, односно потоплите месеци.

Препорачаната количина на течности за децата од предшколска возраст е 800 мл дневно, за децата од школската возраст таа изнесува 1000 мл, а за тинејџерите помеѓу 1500 – 2000 мл дневно.

Родителите често се двоумат дали тоа значи дека детето треба да испие само толкава количина на вода или тука се вбројуваат и другите течности кои ги внесува.

Стручните лица се согласни дека водата е најдобар избор, меѓутоа, добар избор се исто така и природните цедени сокови, како и соковите без шеќер.

Во количината на внесени течности во текот на денот, се вбројуваат и супите, чорбите и чаевите.

Губењето на 2% на вода од организмот доведува до пад на концентрацијата и умор, додека губењето на 3%, доведува до запек, главоболки и други здравствени проблеми.

Оставете коментар