Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Корисни совети за првите денови од доењето

Корисни совети за првите денови од доењето

Со оглед на тоа дека мајките на самиот почеток се чувствуваат збунето и често имаат страв од доењето, издвојуваме неколку совети кои ќе ви го олеснат почетокот од ова патување.

Припремата за доење започнува уште за време на бременоста, а успехот во голема мера зависи од мотивацијата на мајката и поддршката на од околината.

Мајката и бебето се активни партнери во доењето. Во првите денови тие се истражуваат меѓу себе, учат за себе, се запознаваат од ден во ден. Периодот на адаптација е исто така време кога се усвојуваат правилни техники на доење, затоа што тоа е важна карика за успешно доење.

Некогаш техниките се учат и совладуваат за краток временски период, а на некои мајки им е потребно повеќе вежби и труд. Не зависи се и од знаењето на мајката и вештините, туку и од темпераментот на бебето, однесувањето и здравствената состојба.

Важно е да се запознае анатомијата на сопственото тело, да се пратат промените, затоа што тоа ќе помогне за подобро совладување на вештините на доењето.

Стекнатите знаења за доењето, уште за време на бременоста, континуираниот труд, цврстата одлука во намерата да се истраи кога ќе дојде до некаква препрека, ќе му овозможи на бебето да го добие она што е најдобро, она што го заслужува и му припаѓа – мајчиното млеко.

Кога бебето ќе се роди

Бенефитите од доењето и нутритивните вредности кои бебето ги добива се од непроценлива вредност. Во тек на првите неколку денови веројатно ќе испробувате како и колку често да го доите своето бебе. Како би се чувствувале посигурно, издвојуваме неколку информации со кои ќе знаете што да очекувате.

Не ја пропуштајте првата прегратка по породувањето

Давањето на бебето на мајката веднаш по породувањето, како би се остварил директен контакт кожа на кожа, во светот се нарекува “Kangaroo care” метода. Овој прв контакт помеѓу мајката и бебето му помага на малечкото брзо да почне да цица. Бидете трпеливи, обично е потребно неколку часа за бебето да почне да јаде. Дајте си време на себе си и искористете го тој период за да се поврзете со своето бебе.

Наспијте се

Одморот е клучен за опоравување после породувањето. Ќе ви помогне да се чувствувате поопуштено и посмирено додека го доите бебето, а го зголемува и нивото на енергија за новороденчето и го поттикнува стварањето на млеко.

Немојте да правите распоред на доење

Тие први денови пробајте да го доите бебето “на барање”, затоа што мајчиното млеко е важно за раниот развој на бебето.

Побарајте помош

Ако имате потешкотии со доењето, пробајте да пронајдете некој кој ќе ви помогне, кој ќе ви ја зголеми самодовербата, со кого ќе се чувствувате опуштено и кој може да биде со вас кога ќе доите. Тоа може да биде некој здравствен работник, роднина или пријател.

 

Оставете коментар
Close