Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Крцкаво пилешко во овесни снегулки

Крцкаво пилешко во овесни снегулки

Здрава верзија на пржено поховано пилешко кое децата, но и возрасните ќе го обожаваат!

Со пилешкото во овесни снегулки идеален прилог е компир од рерна.

Потребно е (за 4 особи):

600 грама бело пилешко месо,

Една рака овесни снегулки,

3 лажички сенф,

3 лажички масло,

Сол,

Зачини по желба

Припрема:

Овесните снегулки (или мешавина од овесни и ржани снегулки) ставете ги во кеса за замрзнување и иситнете ги со чекан за месо, но не премногу.

Измиеното и исцедено пилешко месо посолете го и зачинете, па премачкајте го со сенф.

Добро “извалкајте” го во иситнетите снегулки.

Во плех ставете масло или ставете хартија за печење и ставете ги парчињата пилешко.

Печете триесетина минути на 200 степени.

На здравје!

 

 

Оставете коментар