Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

КРВАРЕЊЕ ОД НОС

КРВАРЕЊЕ ОД НОС

Поради што на децата им тече крв од носот?

Родителите се плашат кога на детето ќе почне да му тече крв од носот. Меѓутоа тоа кај помалите деца е вообичаена појава и никогаш не претставува озбилен здраввствен проблем.

Во повеќе случаи крвта од носот престанува да тече сама, а може лесно да се сопре и во домашни услови.

Кврарењето од нос се јавува  најчесто во зима, кога воздухот во затоплените простории е сув.

Што треба да се направи?

Ставете го детето да седне на столче и благо нека ја навали главата нанапред. Погрешно е на детето да му ја ставате главата наназат, ако крвта почне да тече може да дојде до крварење, кашлицаи повраќање.

Кога крварењето од нос е опасно?

 Крварењето од нос е опасно ако се јавува почесто. Во тој случај треба да се провери дали детето нешто ставило во носот.

Ако детето од неодамна почнало да пие нов лек, можно е крварењето од носот да е нус-појава на тој лек.

Кога треба да се јавите на лекар?

         Ако на детето му се врти свеста и има несвестица

         Ако дојде до обилно крварење

         Детето добие блед тен

         Крварењето ќе почне после паѓање или удар во главата

Мерки на претпазливост?

За да спречите сушењето во носниците, користете спрејови на база на морска сол. Користете ги овлажувачите на воздух во собата на детето. Водете сметка детето да не го чеша носот.

Оставете коментар