Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Лето- идеално време за одвикнување од пелени

Лето- идеално време за одвикнување од  пелени

Летото е идеално годишно време за одвикнување од пелени. Децата носат помалку облека и пресоблекувањето е полесно за родителите, а и облеката побрзо се суши. Се намалува можноста од настинки во случај детето рефлексно да се измокри, што сигурно ќе се случи во одреден период.

Одвикнувањето од пелени е, секако, една од потешките родителски задачи. Родителите, кои веруваат дека децата се подготвени за одвикнување, сигурно треба да ги искористат високите температури кога планираат да го направат овој чекор.

Не постојат правила на која  возраст треба да се почне со одвикнување од пелени. Повеќето деца се навикнуваат на нокшир во периодот од година и пол до две години. Вашето дете не треба да се споредува со другите деца. Некои деца се ослободуваат од пелени веднаш по нивниот прв роденден, додека други носат пелени до три години. Детето на некој начин "ќе покаже" дали е подготвено за нокшир - ќе забележите дека детето на некој начин сигнализира кога треба да кака, или неговата пелена е долго сува откако е променета. Ова се некои од индикаторите дека вашето дете е подготвено во смисла дека може да контролира да не мокри рефлексно, туку "издржува" и сигнализира кога има потреба. Ако не сте сигурни дека е време за одвикнување од пелени, не почнувајте, бидејќи овој процес бара упорност, а неподготвеното дете сигурно нема да соработува добро.

- Откако еднаш ќе започнете со навикнување на нокшир, мора да бидете упорни и истрајни.

- Детето мора да се пофали секој пат кога ќе успее да мокри или кака на нокшир, и не треба да се кара кога во тоа нема да успее.

- Следете го ритамот на вашето дете и почесто  ставете го на нокшир ако знаете дека има внесено повеќе течности, ако има навика да кака во исто време од денот или кога се буди.

- Ако сте во можност или забележавте дека детето  добро соработува, веднаш ослободете го од пелените и облечете му гаќи. Кога детето ќе сфати дека е влажно кога ќе се измокри, и го фалите кога ќе мокри во нокшир, брзо ќе разбере што се очекува од него. (Децата што носат памучни пелени побрзо се одвикнуваат, само поради тоа што се чувствуваат влажно.)

- Не го карајте детето што се измокрило.

- Нокширот секогаш држете го чист и " на дофат". Детето не треба да игра со нокширот.

- Продолжете со користење пелени ноќе уште некој период. Ќе престанете да ги користите кога ќе забележите дека одреден период пелената е сува наутро. Кога ќе ја извадите и ноќната пелена, ставете си заштитна мушама под чаршавот.

Оставете коментар