Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Лежете покрај децата додека не заспијат – ќе станат успешни личности

Лежете покрај децата додека не заспијат – ќе станат успешни личности

Науката покажа дека лежењето покрај детето додека не потоне во сон има многубројни предности за него.

Треба ли детето да се научи самото да се успие или дали треба да се лежи покрај него додека не потоне во сон е прашање кое секој родител си го поставува себеси. Се покажа дека за детето долгорочно е подобро ако легнете покрај него.

Сузан Краус Витбурн, професорка по психологија од Универзитетот во Масачусетс, тврди дека постојат докази дека “поврзувачкото” родителство им помага на децата да станат успешни возрасни личности.

“Возрасните кои биле блиски со своите родители живеат посреќно и имаат помалку конфликтни ситуации. Постојат дури и истражувања кои сугерираатдека поради тоа и самите се подобри родители”, напиша за Psychology Today.

Мајкл Лампорт Комонс од Харвард, кој пред девет години спроведе истражување на тема одгледување на деца и “поврзувачкото” родителство истакна: “ Предностите се помалата изложеност на стрес кај децата, што влијае на развојот на мозокот и подоцнежните реакции на стрес. Се покажа дека тоа го намалува проблемот на менталното здравје во подоцнежниот развој. Друга важна корист е поврзаноста, поради која детето ќе знае дека во контактот со родителот ќе пронајде утеха. Децата ќе бидат поуспешни во основните развојни задачи, односите со врсниците во училиштето”.

Оставете коментар