Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Љубов, заштита, сигурност: Што бебињата сакаат?

Љубов, заштита, сигурност: Што бебињата сакаат?

Бебињата сакаат да имаат физички контакт со своите родители, бидејќи им дава чувство на сигурност, заштита и љубов. Во првите денови од животот на бебето, сè се врти околу спиење, јадење и менување на пелени. Но, наскоро бебето останува подолго будно; доењето и облекувањето стануваат рутина, а родителите се прашуваат што да прават со детето, како да го забавуваат, за да не му биде досадно.

На почетокот на животот, на бебето му е најважен физичкиот контакт. Играта е за нив време поминато со мајката (или таткото), допирање, слушање на глас, смеа. Бебињата сакаат да имаат физички контакт со нивните родители, поради што првите знаци на детска игра се гледаат во контактот со родителите. Кога вашето бебе ви дава рака за време на капењето или кога зема пелена за време на менувањето, тоа всушност си игра.

Бебињата се фасцинирани кога слушаат звуци или гледаат сјајност. Тие учат како функционира светот околу нив и во исто време се забавуваат.

На бебињата им е повеќе од интересно да ја набљудуваат околината. Ако нивната соба е обоена, шарена, полна со детали, или ако им покажете различни детали, бебињата се задоволни. Но, не преувеличувајте, бидејќи премногу детали можат да ги оптоварат и да ги изнервираат, бидејќи тие мора да го обработат сето тоа. Ако забележите дека бебето почна да се зашеметува, дека е немирно или дека наскоро ќе заспие, тоа е знак дека тоа е доволно и дека му треба одмор.

Така, во првите месеци, темпото со бебето е многу побавно отколку што се навикнати родителите. Потребата за комуникација е многу поголема кај возрасните отколку кај бебето. Мајката мора да се навикне на ова и да биде свесна дека таа и нејзиното бебе понекогаш ќе се досадуваат. 

Неопходно е да се биде свесен дека со детето не може многу да се планира и да има премногу активност. Курсевите за бебиња, како пливањето, се многу добри и забавни, но не се неопходни. И не заборавајте дека го оптоварувате детето кога има премногу доживувања што овие чувствителни суштества мора прво да ги процесираат.

Бебињата најмногу ги сакаат малите нешта. На пример, кога се обидуваат да ги фатат прстите на мајката, ја вежбаат нивната координација. Кога ги гледаат и ги допираат прстите, го запознаваат своето тело. Децата си играат сами, не им е потребна програма, курс или помош. Ова значи дека бебињата се среќни и задоволни кога се со родителите кои им даваат чувство на сигурност со зборување, пеење, носење.

Со три, четири месеци, бебето е заинтересирано за сè што произведува звуци. Тогаш се најинтересни сите тропалки, музички книги и малите инструменти. Мајките треба да се релаксираат и да уживаат, бидејќи бебето ќе биде добро. За на мајката да не и биде досадно 24 часа само со детето, се препорачува повремено да го остави детето на таткото или друга доверлива личност, кога мајката ќе направи нешто за себе, ќе ги види нејзините пријатели, ќе оди на фризер или слично. Ако немате некој за да го причува бебето, понесете го со себе. На крајот, на бебето не му е грижа дали спие во неговата количка дома или во надвор. Додека мајката е задоволна, детето е исто така среќно.

Оставете коментар