Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Лубеница - добра за здравјето и расположението на децата

Лубеница - добра за здравјето и расположението на децата

Лубеница - е совршен симбол на летото и нејзиниот единствен вкус и арома непогрешливо нè асоцираат на жешките летни денови и опуштена атмосфера.

Разладената лубеница на коцки и послужена во сад е совршен летен десерт за сите возрасти. Ако, пак, имате градина или тераса, ви препорачуваме да им исечете на децата големи полукружни парчиња со кора  и да ги оставете самите да се справат, додека сладок, леплив сок им тече по брадата и рацете. Ако додадете малку добро расположение, му дадовте на вашето дете незаборавни детски спомени.

Лубеницата содржи 94% вода, поради што е добра за телото да го рехидрира организмот. По состав е речиси слична како дињата, имаат иста количина на шеќер (5,9g на 100g лубеница), но има малку посиромашни вредни активни состојки, витамини и минерали. Содржи мала количина на диетални влакна, кои се добри за варењето на храната.

Она што ја прави различна е антиоксидантниот ликопен, кој и дава убава црвеникава боја и го има многу повеќе одколку кај дињата. Ликопенот има корисен ефект врз организмот на детето, бидејќи има антиканцерогени својства и има корисен ефект врз видот.

Лубеницата, исто така, има позитивни ефекти врз крвниот притисок, а воедно е корисна и за бубрезите.

Количината на лубеница, која детето треба да ја внесува во текот на денот варира во зависност од возраста, и дали ова е единствено овошје внесено во текот на денот. Препорачаната количина е од 200 гр за најмладите до 400 грама за адолесцентите.

Вредни активни состојки што се наоѓаат во 100г лубеница се :

4Kcal - 27.18

Белковини - 0,4г

Масти - 0.1g

Јаглехидрати - 6 гр

Диететски влакна - 0,4g

Калциум - 6,7 мг

Железо - 0,3 мг

Фосфор - 8,5 мг

Витамин А - 3 мг

Витамин Б1 - 0,03 мг

Витамин Б2 - 0,02 мг

Витамин Ц - 6.2 мг

Лубеницата, дињата и слично, кои припаѓаат во зеленчук, со истата група како и краставици, тиквички и тиква, познати се под  ботаничкото име Cucurbitaceae.

Како и секоја нова храна, лубеницата треба внимателно да се внесе во детската исхрана поради опасноста од алергија.

Оставете коментар