Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Мајчината гојазност пред и после бременоста влијае на вишокот на килограми кај детето подоцна

Мајчината гојазност пред и после бременоста влијае на вишокот на килограми кај детето подоцна

Стручните лица од Кливленд советуваат мајките да го намалат бројот на килограми пред да останат бремени, доколку имаат вишок.

Доколку планирате да основате фамилија, многу е важно да водите грижа за своето здравје пред да останете бремени.

Ако жената има вишок килограми пред бременоста, или пак ако добие многу килограми во текот на истата, тоа може да ги зголеми шансите подоцна детето да биде гојазно и да има пропратни проблеми.

Секој килограм вишок пред затруднувањето го зголемува ризикот за гојазност кај детето за 4,5 проценти. Децата на мајките кои добиле голем број на килограми во текот на бременоста имаат 50 посто повеќе шанси да бидат гојазни.

Експертите велат дека едноставни чекори пред затруднувањето можат да направат огромна разлика.

“Доколку имате вишок на килограми, пред да останете бремени, одлична идеја би била да пробате да го изгубите вишокот, да се доведете во подобра форма, да работите на диета и здрави навики и редовно да вежбате” истакнува доктор Џефри Чапа од кливлендската клиника.

За жените кои наголемо се борат со вишокот на килограми, докторот Чапа вели дека добивањето од тринаесет до осумнаесет килограми е премногу. Од три до пет килограми е многу поприфатливо.

Но, како и секогаш, најдобро е да поразговарате со својот лекар за тоа што е најдобро за Вас.

 

Оставете коментар