Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Мајка после четириесеттата

Мајка после четириесеттата

Некогаш дваесет, сега веќе триесет-важат за добри години за раѓање на првото дете, но што кога и тој период ќе помине, па жената дури во четириесеттата конечно има услови да роди бебе? Статистички е потврдено дека пред четири децении процентот на жените кои подоцна раѓале изнесувал само 5%, а сега во европските земји  скоро секоја четвртта бремена жена може да се каже дека е повозрасна прворотка. Зошто е дојдено до поместување на границата за раѓање? Образование, па работа, грижата за стан и кола и пронаоѓање на правиот партнер... и кога сето тоа ќе се реши - дошла четириесеттата. Во 35-тата или 38-мата, професионално успешна сеуште младолика, убава жена, која е здрава и психички спремна за мајчинство, конечно сите услови за мајка се спремни, но бебето никако да дојде. Со оваа ситуација денес се соочуваат многу жени, и покрај личните настојувања, големата желба и напредокот во науката не успеваат да забременат.

Зошто повозрасните жени потешко стануваат мајки? 

Порано се сметало дека идеално време за станување мајка е помеѓу 20 и 26 години, а спрема сегашните медицински ставови горната граница за прво бебе е поместена на 29 години. Од 25-30 жената би требало да роди барем едно дете а до 35 без грижа за здравјето може да оствари уште две бремености на растојание од две години. После 35-тата година циклусите без јајна ќелија се се почести, па и можноста за зачнување многу се намалува - предупредуваат лекарите. Со стареењето жените неповратно губат многу јајце ќелии, за разлика од мажите кај кои секои три месеци се обновува производството на сперматозоиди и тоа се до 70 години. Утврдено е дека од 16-43 години созреваат само 400-500 јајце ќелии и тоа секој месец по една. Во тие процеси на созревање се троши некогаш и по пет-шест јајце ќелии, но само една е способна за оплодување. Тоа не е континуиран процес, затоа што со годините се помалку од овие ќелии созреваат, или воопшто не стигнуваат до фаза на зрелост. Смалената можност на зачнување нема никакви видливи знаци. 

Жените и после 35 имаат месечни циклуси, не чувствуваат никакви здравствени проблеми, уште се полни со енергија, па сепак во тие години само осум до десет посто на жени спонтано забременуваат. Со природата не можете да си играте, таа има свои правила кои мораат да се почитуваат ако сакаме здраво потомство. На жените им се советува да раѓаат додека се помлади, затоа што со годините неповолни сторители го намалуваат квалитетот на јајце клетките.

Ако јајце клетката е постара, поголем е ризикот дека во текот на развивањето на ембрионот ќе му се случат аномалии поради хромозомски неправилности. Бременоста после 35. претставува и поголем напор за организмот на жената, затоа што покрај јајниците стареат и другите органи, посебно срцето, црниот дроб, плуќата и крвните садови.

Се зголемува и ризикот од предвремено породување или преносена бременост, предремено истекување на плодовата вода и други компликации, како што се спонтано пометнување, крварење, помала тежина на новороденчето или предвемено породување. Кај постарите бремени жени е и гестацискиот дијабетис се почест, како и зголемениот притисок. Со стареењето и матката ја губи силата. Еластичноста на сите ткива се намалува, па и повредите и расцепувањето на породувањето е често. Положбата на плодот во матката често пати не е добар па повозрасните жени често се породуваат со царски рез.

Зошто вештачкото оплодување не дава резултати кај овие жени?

Тешко е да се имитира природата, затоа што не само што се губи бројот на јајце клетките, туку и ткивото на јајниците и другите ткива стануваат помалку осетливи на дејството на хормоните. Со вонтелесното оплодување, кај младите жени се постигнува успех кај 30%, а само 8-10% кај жените на возраст од 35-43 години. Психофизичката подготвеност често е занемарена, но таа е многу важна, а се однесува на потребната исхрана и стручно водени физички активности. Целта на овие подготовки е да се постигнат предуслови кои се оптимални за зачнување, бременост и породување. За исходот на породувањето најважно е жената да се ослободи од стравот, а тоа е возможно само ако научи да ги препознава сите породилни етапи, како да се однесува во нив и како да дише, затоа што начинот на дишењето докажано е дека ја намалува болката и ја зголемува издржливоста, па раѓањето на бебето е побезбедно. Многу жени постари од 35 години успеваат со психофизичка припрема да забременат, придржувајќи се кон стручно одбрани детали, вежбање и воспоставување на емоционална рамнотежа.

 

Оставете коментар
Close