Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Мал трик за чистење на бебешкото затнато носе

Мал трик за чистење на бебешкото затнато носе

Во домот ги имате сите потребни состојки за да направите раствор за чистење на бебешкото носе. Солениот раствор го омекнува слузот, го олеснува чистењето и ја обновува природната влажност на слузницата.

Ставете една четвртина лажичка сол во пола чаша топла вода, па овој раствор ставете го во пумпичка за чистење на носето. Шприцнете по два пати во секоја ноздра, а потоа со помош на хартиена марамица исчистете го носето на вашето малечко. Доколку детето е сеуште мало за само да го издува носето, употребете пумпичка за полесно да ја извлечете содржината од истото.

Како делува?

Солениот раствор го омекнува слузот, го олеснува чистењето на носето и ја обновува природната влажност на слузницата.

Кога треба да се обратите на доктор?

Доколку се посомневате дека вашето дете има воспаление на увото или синуси и ги воочите следните симптоми: висока телесна температура, непрекината кашлица, болки во ушите и жолтеникава или зеленкаста слуз од носот.

Оставете коментар
Close