Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Медот може да предизвика многу опасна инфекција на дигестивниот тракт

Медот може да предизвика многу опасна инфекција на дигестивниот тракт

Доенечкиот ботулизам е болест до која доаѓа кога новороденчето ќе внесе бактерија која произведува токсини внатре во телото. Се работи за многу опасна инфекција на цревниот такт. Постојат се повеќе докази кои укажуваат дека медот може да биде причинител на овој тип на ботулизам.

Медот е познат како извор на спорите на бактеријата Clostridium botolinum. Кога доенчето ќе ја внесе во организмот, оваа бактерија произведува токсин кој предизвикува доенечки ботулизам, сериозно, но за среќа ретко труење со храна. Затоа на деца помлади од 12 месеци никогаш не треба да им се дава мед.

Доенечкиот ботулизам не е нималку безопасна болест затоа што го напаѓа нервниот систем на бебето, а во најтешките случаи може дури да предизвика и смрт. Меѓутоа поголемиот број на бебиња успеваат да се опорават. Најчестите знации симптоми на ботулизам се:траен запек (констипација), омлитавување на рацете, нозете и вратот, слаб плач поради слабите мускули, потешкотии во доењето – бебето нема сила да извлече млеко, изразен умор, потешкотии во дишењето.

Оставете коментар