Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Мека глава кај бебињата

Мека глава кај бебињата

Детската глава е толку нежна што ви се чини дека може да се раздвои. Не се грижете, кога бебето ќе се роди, коските од черепот се одвоени, а нивното сраснување се одвива постепено. Слободниот простор помеѓу коските од черепот исполнет е со врзувачко ткиво. На местата каде што коските се приближуваат, а кои сеуште не се споени, се наоѓаат фонтанелите (меки вдлабнатини). Фонтанелите се создаваат затоа што во време на бременоста коските на черепот се развиваат одделно, како сложувалка од неколку коски кои се текот на времето се приближуваат и се спојуваат. Постојат две фонтанели – предна или голема фонтанела, која се наоѓа на темето и мала или задна фонтанела која се наоѓа на задната страна од главата. Малата фонтанела е голема околу 0.5 сантиметри и обично се затвора до шестиот месец. Големата фонтанела почнува да зараснува околу шестиот месец и се затвора до втората година од животот.

Инаку во просторот на фонтанелата бебешкиот мозок е заштитен со јака фиброзна мембрана, така што нема опасност дека главата на бебето ќе биде повредена при чешлање или миење на косата.

Оставете коментар
Close