Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Мерење на тежината на бебето

Мерење на тежината на бебето

Секое новороденче по раѓањето детално се прегледува. После првото мерење, новороденчето во родилиштето редовно се мери, секој ден во исто време. Тежината на новороденчето обично ја мери сестрата во родилиштето, а подоцна патронажната сестра и педијатарот на првиот преглед. Нормална тежина на новороденчето е од 2500гр. до 4500 гр. Мерењето обично го покажува намалувањето на тежината во првите денови. Просечно, во првите три до четири дена бебето ќе изгуби 10% од породилната тежина.

Ова се причините за тоа:

-Кога детето ќе се роди, неговата тежина ја сочинува голема количина на вода. Таа вода новороденчето ја исфрла со уринирање во првите неколку дена.

-Лактацијата не се воспоставува во истиот момент со доаѓањето на бебето на овој свет. Во првите денови се прави колострум. Колострумот е првото млеко кое е богато со заштитни материи, меѓу кои најважни се имунолошкиот систем и факторот на растењето, витамини, минерали и аминокиселини. Колострумот е многу важен за новороденчето, затоа што го штити од инфекции кои му се закануваат во новото опкружување, но нема нутритивна вредност.

-Правото млеко на мајката кое со својот состав му овозможува растење и развој на новороденчето, доаѓа приближно четвртиот ден по породувањето и тогаш тежината воообичаено почнува да се зголемува. Вообичаено е новороденчињата да добиваат на тежина од 15-30 грама на ден. Бебињата кои спијат повеќе и оние кои се родени со поголема тежина можат на почетокот да добијат и помалку.

Младите мајки подсвесно при првото доење се грижат дали имаат доволно млеко, како и дали новороденчето добро напредува. Посебно таа грижа се јавува ако бебето е родено пред време, или ако породувањето било тешко како и во ситуации кога бебето сака многу да спие и често го прескокнува оброкот.

Во првите денови на родилката и помагаат сестрите во родилиштето, а по доаѓањето дома патронажната сестра. Патронажната сестра при обиколката го мери бебето на вагичка посебно предвидена за бебиња. Кога патронажната сестра ќе престане да доаѓа, мајката останува сама со многу грижи и сомнежи. Сигурност во тие денови на родителите им носи мерењето на бебето во домашни услови.

Вагата за мерење на бебето може да се купи. На тој начин родителите може да дојдат до квалитетен инструмент. Тежината на бебето во првите денови е многу важен детал кој ни кажува дали со доењето или со хранењето од шише бебето добива доволно за раст и развој.

Секојдневното мерење на бебето е корисно иако не е единствениот показател за напредување на бебето. За правилниот развој на бебето ни зборуваат и други показатели, а нив најдобро може да ги процени патронажната сестра и педијатарот. Кога мајката ќе се одлучи редовно да го мери своето новороденче препорачливо е вредностите да ги запишува во табела за растење, а запишаните вредности ќе ги процени педијатарот на следната контрола на бебето.

 

 

Оставете коментар
Close