Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Миењето раце е половина здравје, дали се согласувате?

Миењето раце  е половина здравје, дали се согласувате?

Миењето на раце е најважната хигиенска навика што детето треба да ја стекне во животот. Многу болести се пренесуваат преку нечисти раце, затоа што малите деца неконтролирано ги ставаат прстите во устата. Додека детето е мало полесно е да ја контролирате чистотата на рацете, бидејќи миењето е под надзор на родителот. Проблемот може да се појави кога детето ќе порасне и ќе стане независно. Затоа, важно е да го научите од мало за правилно и редовно миење на рацете.

Децата треба да научат да ги мијат рацете пред јадење, по кивање, кашлањето и дување на носот по користење на тоалетот, кога ќе дојдат дома после играње или прошетка, откако ќе си играат со животни. 

Уште кога е бебе, мијте ги рацете на детето а користете влажни марамчиња само кога е потребно - ако сапунот и водата не се достапни. При миење на рацете, неопходно е да се направи изобилство на пена и рацете добро да се истријат - дланките, зглобовите, шаките и помеѓу прстите. Подеднакво важно е и плакнењето, а детето треба да научи дека откако ќе ги измие рацете, крпата со која што ги брише рацете не треба да остане валкана.

И кога ќе забележите дека детето е навикнато само да ги мие рацете кога е потребно, продолжете да го следите дали редовно ги мие. Во одреден момент, оваа навика може да им здосади, па затоа не е исклучено понекогаш да "забушава". Постарите деца понекогаш ја прескокнуваат оваа обврска или не го прават тоа правилно и постојано следење е потребно и во пубертетот.

Оставете коментар