ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Мирниот сон е важен за здравиот развој на бебето
    Мирниот сон е важен за здравиот развој на бебето

    Мирниот сон е важен за здравиот развој на бебето

    Бебето и сонот

    Поголемиот број на бебиња на возраст од пет месеци ја преспиваат ноќта. Како расте, бебето се почесто може да се буди во текот на ноќта, особено во втората половина од првата година од животот. За тоа постојат повеќе причини: некои студии покажуваат дека кога бебето ќе стане свесно за своето опкружување и поврзаност со мајката, станува свесно и за нејзината отсутност. Друго истражување ја покажува поврзаноста помеѓу ноќното будење и растењето на забите, растот на бебето и другите развојни етапи.

    Ноќно будење

    Во третата недела од животот 90% од новороденчињата се будат и им даваат знак на своите родители преку плачот. Но без грижа, до третиот месец само 50% од новороденчињата и понатаму даваат знак кога ќе се разбудат во текот на ноќта. Другата половина се успива повторно сама. Експертите за сон се согласуваат дека мајката може да го поттикне бебето самото да се успие, како сите би спиеле поквалитетно.

    Постојат неколку звуци на кои родителите им се радуваат повеќе отколку на смеењето на своето бебе – особено поради тоа што тие се знаци за мирен и безгрижен ноќен сон. Имено, може да се рече дека среќното и одморено бебе е музика за уши на секој родител.