Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Моето бебе ја намалува тежината

Моето бебе ја намалува тежината

Телесната маса со која бебето се раѓа обично се намалува во првите 3-4 дена, а по 7-10 дена детето по правило ја враќа изгубената тежина и до крајот на првиот месец  добива уште 500 -600 грама. Значи, ако губењето не го помине дозволениот процент (6-9%, а највеќе минус 10% од првобитната маса), не треба да се грижиме. Детето има сериозни причини до средината на месецот да стане малку полесно од тежината при раѓањето.

Причина за калирањена новороденчето

Цревата на детето почнуваат активно да работат исфрлајќи ја примарната столица-мекониум, мочниот меур се празни 10-12 пати на ден, влагата испарува при дишењето и преку кожата, а бебето во периодот јаде малку и дел од изеденото го повраќа.

Навистина, оброците се зголемуваат од ден на ден. Во првите недели 60-80 мл за секое хранење (6-7 пати дневно, на 3-3,5 часа), а до крајот на месецот просекот е 100-120мл. Покрај тоа, колострумот, кој се создава во мајчините гради веднаш после породувањето, содржи максимум калории и хранливи материи. А подоцна кога ќе дојде другото право млеко, неговиот состав одговара на енергетските потреби на детето.

На почетокот и на крајот на првиот месец од животот, компонентите кои го сочинуваат млекото на мајката суштински се разликуваат по квалитет и количина. Содржината на мастите, белковините, јаглените хидрати се менува во текот на 24 часа. Дење млекото е послатко за детето да добие поголема количина енергија која му е потребна додека е будно, а навечер е помасно-мастите подолго се варат и му даваат на бебето поголема ситост и му овозможуваат подолго да спие во текот на ноќта.

“Специјален режим

Ова е причината зошто децата кои ќе се стават на гради веднаш по раѓањето помалку губат на тежина и побрзо ги обновуваат првобитните показатели во споредба со децата кои на првото доење ги донеле после неколку часови, или оние кај кои мајката добива млеко после неколку дена или недели, па во родилиштето се на вештачка храна. 

Детето забрзано ги топи калориите, а не само кога активно мрда со рачињата и ноџињата, плаче или цица. Целиот прв месец внатрешните органи и системи функционираат во “специјален режим”, прилагодувајќи се на автономен живот, па од тука и колосалната потрошувачка на енергијата која ја зголемува можноста за губење на тежината. Ако детето е родено предвреме, ако имало трауми при породувањето, прележало некоја болест веднаш по раѓањето, малку цица и повраќа, телесната маса се намалува многу побрзо, а побавно се обновува. Таквите бебиња се мерат и пред и после хранењето, за да се знае колку млеко испиле и дали тоа им е доволно. И секако, потребна е контрола кај педијатар, за да не се пропушти моментот кога физиолошкото губење на тежина ќе премине во патолошко.

Оставете коментар