Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Моето бебе (не) слуша добро

Моето бебе (не) слуша добро

Како родителите можат да препознаат дека нивното бебе не слуша и каде треба да се обратат?

Кај бебињата слушното оштетување се открива многу тешко, особено кога се работи за одредени типови на благи слушни оштетувања, додека кај тешките оштетувања на слухот показателите се целосно јасни. Една од најраните и најлесните слушни вештини кај бебињата е локализацијата на изворот на звук.

Новороденчето би требало да ја движи главата или погледот кога ќе чуе звук. Било кој посилен звук би требало да го предизвика тој рефлекс, а него можете полесно да го испитате кога бебето малку ќе порасне.

Веќе со пет или шест месеци, можете да пробате со шепот или со тивко тропкање – кои како резултат ќе го имаат вртењето на главата на бебето кон изворот на звук. Доколку реакциите изостанат, потребно е да се обратите на педијатар. Тој ќе ве упати кај ОРЛ специјалист, а службите имаат одделение за аудиологија, каде што на многу едноставен начин може да се постави дијагноза.

Важно е да се напомене дека раното откривање на оштетувањето на слухот кај детето е многу значајно за развојот на истото. Во некои случаи, родителите откриваат дека слухот на детето е оштетен дури кога кај него нема да се развие говор во очекуваниот период.

Со оглед на тоа бидете посветени и внимателни родители, кои навреме ќе го детектираат евентуалниот проблем кај своето дете.

Оставете коментар