Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Надминете ги без стрес развојните пресвртници

Надминете ги без стрес развојните пресвртници

Дали знаевте дека бебето преку ноќ може да порасне и до еден сантиметар? Ви нудиме совети како лесно и без стрес да поминете низ најважните фази на неговиот развој.

Вистина е дека бебето за 24 часа може да порасне цели девет милиметри. Ќе легне да спие и ќе се разбуди скоро еден сантиметар подолго или повисоко. Ако редовно ја забележувате неговата тежина, може да ви се чини дека тоа само добива во тежина во грамови, килограми, додека растењето се случува наеднаш и изненадно.

Најголем интензитет на растењето се случува во текот на првата година од животот. Помеѓу четвртиот и шестот месец бебето ќе тежи дупло повеќе од тежината кога се родило, а кога ќе направи една година тоа ќе биде трипати поголемо.

Како бебето станува поголемо, неговото растење се забавува и развојните пресвртници се случуваат на секои неколку месеци или повеќе. Сепак помеѓу првата и втората година децата обичо добиваат околу два и пол килограми и ќе пораснат околу шест сантиметри.

Поради големите телесни промени во димензиите, не е ни чудно што бебињата и малите деца може да се почувствуваат како да се потполно различни. Промените во однесувањето обично траат неколку дена, но може да бидат показател дека бебето поминува низ развојна пресвртница. Затоа, ако забележите дека бебето претходните денови било среќно и задоволно, а веќе следниот ден е мрзоволно, плачливо и бара повеќе внимание, размислете да не е можеби во фаза на брзо растење, на вашето дете ќе му биде потребно уште повеќе разбирање, посветеност, стрпливост и нежност.

Зголемен апетит

Еден од првите и најочигледни знаци на развојната пресвртница е зголемен апетит кај бебето. Очекувајте огромен апетит! Ако го доите, на бебето нема да му биде доволна количината на млеко како до сега, ниту пак минутите кои до сега ги поминувало во цицање. Тоа може да биде малку исцрпувачки, но за среќа не трае долго. После два до три дена  со незаситен апетит, бебето пак ќе се врати на нормалната количина на цицање.

Во овој период ќе сака и почесто да јаде, па бидете спремни да ги задоволите неговите потреби. Без разлика на возраста на детето, зголемениот апетит секогаш е  дел од   развојните  пресвртници.

Пореметен сон

Немојте да се изненадите ако бебето почне  често да се буди ноќе или ја прескокнува попладневната дремка, различен ритам во спиењето е уште еден од показателите на развојната пресвртница. Причина за честото ноќно будење може да биде зголемениот апетит или бебето едноставно се чувствува различно и чудно му е во телото кое се менува. Сонот кој ќе го пропушти ќе го надомести многу брзо, па очекувајте дека неколку дена после тоа ќе спие подолго и почесто од обично. Истражувањата покажуваат директна врска помеѓу растењето и сонот, бидејќи лачењето на хормоните за растење е посилно ноќе, па подолгото спиење се совпаѓа со брзото растење на телото.

Во следните неколку дена бебето може да спие и по три пати на ден. Ако веќе не спие после ручек, можно е повторно да заспие во тоа време. Може да се случи детето да го ставите да спие во вообичаеното време  а тоа може да го преспие целото попладне. Исто така можно е во текот на денот да преспие повеќе пати но со пократко време.

Промена во расположението

Изненадните промени на расположението и зголемената чувствителност лесно се воочуваат и за среќа се краткотрајни показатели во развојните пресвртници. Детето може да биде вознемирњено повеќе од обично, плачливо, или наеднаш без причина од среќно дете  ќе стане нервозно и незадоволно. Причината за тоа делумно е поради хормоните. Овие периоди пропратени се со зголемена работа на хормоните, како во текот на ПМС, па промените на расположението се нормална последица. Од голема помош ќе биде и ако стално имате на ум дека каприциозноста е причина за тоа што се случува во организмот на детето, а не неговите намери да биде непослушно и дрско. Затоа бидете стрпливи и нежни, галете го и со своето присуство олеснете му ги овие преодни фази. Ако во однесувањето на детето  има нешто што сепак ве загрижува, секако посетете лекар.

Ментален развој

Во текот на фазата на зголемено растење не се зголемува само телото на бебето се зголемува и мозокот и неговиот ментален капацитет. Врската помеѓу физичкиот и психичкиот развој не е слична. При раѓањето мозокот на бебето има само 25% од вкупната тежина на мозокот на возрасна личност, до нивната втора година тој процент се зголемува на 80%! На бебето му се зголемува и обемот на главата, па на крајот на секоја развојна пресвртница ќе приметите и нови активности кои ги применува, како седење, тркалање или правење на чекори.

Сето тоа е многу за едно мало суштество, но заедно со мајката која разбира за што се работи и која знае да биде подршка во сите битни моменти, растењето е многу полесно!

Oбезбедете енергија

Ако го доите бебето, ќе мора да јадете повеќе за да може да одговорите на поголемата побарувачка за млеко кога апетитот на бебето ќе се зголеми. Редовно земајте хранливи мали ужини, богати со протеини и со сложени јаглени хидрати-како соленки со сирење или семки и јаткасти плодови-за да ја избегнете ситуацијата да бидете многу гладни. Немојте да заборавите дека треба да пиете многу вода за да не дехидрирате.

Вклучете ги пријателите и семејството

Зголемениот апетит на бебето подразбира и поголема исцрпеност за вас, затоа што оброците нема само да бидат пообилни, туку и почести. За да не се исцрпите во текот на тие неколку дена пробувајќи да постигнете се што сте наумиле, замолете ги членовите на вашето семејство и пријателите да ви помогнат што е можно повеќе-како на пример во набавките, чистењето или само да имате некој кој ќе ви свари кафе или чај.

Две шишиња место едно

Ако бебето го храните со шише, припремете му го оброкот во две шишиња место да вклучите покалорична формула. За да не направите проблеми со стомачето на бебето со храна на која не е навикнато, подобро веднаш да обезбедите дупла количина на вообичаеното млеко. За неколку дена количеството ќе се врати во редовната нормала.

Не се грижите за ноќните оброци

Дури и ако бебето претходно спиело по цела ноќ, привременото ноќно будење повеќе пати во ноќта поради зголемената потреба за храна не значи дека бебето ќе го изгуби поранешниот ритам на спиење. Бебето после неколку дена повторно ќе се врати на поранешниот ритам на спиење, а ако продолжи да се буди ноќе барајќи храна-понудете му вода наместо млеко.

Масажа

Масажата ќе ги смири напнатите нерви и ќе ги намали болките во телото кои се јавуваат во периодот на нагло растење.

При секое менување на пелени масирајте го бебето две до три минути. Тоа направете го и после вечерното капење.

Купете марама или кенгур

Ако сеуште не сте купиле марама или кенгур, сега е право време. Близината на мајката, топлината на нејзиното тело и ритмичките движења го смируваат секое бебе. И на вас ќе ви биде полесно да бидете во негова близина кога нешто го мачи, а рацете ќе ви бидат слободни  да правите се што ќе наумите. Шетањето на бебето во марама ќе ви биде пријатно и на вас и на бебето.

Променете ја вообичаената рутина

Спиењето на бебето ќе се поремети неколку дена пред фазата на наглото растење и бебето после тоа ќе мора повеќе да спие. Ако спие подолго од вообичаеното спиење пред тоа, пуштете го да дреме. Искористете го тоа време и вие да се одморите и да ги надохнадите непроспиените ноќи. Почекајте да помине фазата на растењето додека пак не почнете да го навикнувате на поранешниот ритам на спиење.

Водете се спрема апетитот на бебето

Во текот на развојните пресвртници сите деца јадат повеќе од вообичаеното. Ќе почуствуваат глад и жед и помеѓу оброците кои количински и калорички до сега им биле доволни. Задоволете го секое барање на детето и секогаш дајте му да јаде и пие без разлика колку време поминало од претходниот оброк или ужина. Нормалниот апетит и ритам на оброците постепено ќе се врати во нормала кога ќе помине фазата на брзото растење.

Грижете се за себе

Развојната пресвртница може да биде емоционално многу исцрпувачка. Пронајдете време за себе, за едно кратко шетање во соседството додека вашиот партнер е со бебето. Ако сте смирени и опуштени, полесно и подобро ќе одговорите на потребите на бебето.

 

 

Оставете коментар