Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Најчестите проблеми на малечките: "Крив врат"

Најчестите проблеми на малечките: "Крив врат"

Може да се случи детето да ја држи главата навалена на едната страна. Оваа состојба може да се забележи уште во првата недела од животот на детето, но може да се јави и подоцна.

За што станува збор?

 

Ако детето ја држи главата навалена на лево или десно и не може да го исправи вратот, постои можност за "крив врат" или, поинаку, да се каже, тортиколис.

 

Овој феномен најчесто е резултат на скратен мускул во вратот, иако исто така може да го предизвика болка во увото или слаб вид. Во никој случај нема грешка во структурата на вратот.

 

Што да направите?

 

Ако станува збор за новороденчето, педијатарот наскоро ќе воспостави дијагноза и детето ќе биде упатено на ортопед за понатамошна контрола и физикална терапија.

 

Меѓутоа, ако причината за кривиот вра е воспаление на увото или лош вид, однесете го детето кај лекар и – и ни случајно не се обидувајте да го исправите вратот затоа што може да предизвикате сериозни повреди!

Оставете коментар